Зидан е подготвен да го преземе Баерн, но ако го побара Јуве...

Зинедин Зидан, кој е без клуб по заминувањето од Реал Мадрид во 2021 година, размислува за можна преселба во Баерн, но извор близок до францускиот стручњак изјави дека еден клуб е приоритет на Французинот.

Тоа е торински Јувентус, за кој настапуваше од 1996 до 2001 година, кога беше продаден на Реал Мадрид за тогаш рекордна цена од околу 77,5 милиони евра.

Според германскиот канал Sport 1, Зидан е една од опциите на кои Баерн Минхен размислува за следната сезона, откако беше објавено дека Томас Тухел нема да остане по завршувањето на актуелната сезона.

URL

„Зинедин го гледа Баерн како Реал Мадрид - институција како клуб со одлично минато и одлични услови за работа. Двата клуба имаат многу сличности во начинот на работа. Во овој поглед, Баерн е тема што никогаш не ја отфрлил“, откри пријател на Зидан.

Сепак, истиот извор тврди дека Зидан сигурно би го избрал Јувентус пред која било друга опција.

„Доколку Јувентус го покани, тој би отишол таму. Но проектот на Баерн може да му биде важен и тој сигурно нема да суди за финансискиот аспект. Тој би бил идеален тренер за да го обнови имиџот на Баерн и можеби да обезбеди одреден континуитет на клупата“, објаснува познаникот на Зидан.

Зидан е невработен речиси четири години. Тој во неколку наврати одбиваше профитабилни понуди од ПСЖ, бидејќи не го сметаше проектот за здрав, но и затоа што се надеваше на селекторската позиција на Франција.

Сепак, по Мундијалот, Дидје Дешан го продолжи договорот со Француската фудбалска асоцијација и јасно е дека на таа улога ќе мора да чека уште некое време.

Како тренер на Реал Мадрид, Зидан освои три трофеи во Лигата на шампионите, два во Ла Лига, две Светски клупски првенства, два Суперкупа на УЕФА и два Суперкупа на Шпанија.

реклама

И член на ДНК осомничен за пожарот поради употребата на пиротехника

Read more

Драма во унгарскиот парламент по усвојувањето на законот за забрана на Парадата на гордоста

Read more

Германија заплени танкер со руска нафта во вредност од 40 милиони долари

Read more

Насилно задушување е причината за смртта кај сите 59 пациенти во пожарот во Кочани

Read more

Фудбал

ФИФА продолжува со фарсата: Мундијалот 2030 со 64 репрезентации

Read more

Јапонија прва обезбеди пласман на Мундијалот 2026

Read more

Дресот со број 16 што го носеше Андреј Лазаров засекогаш повлечен во Тиквеш

Read more

Мундијалската топка Trionda на ФИФА ќе го снима контактот на секој играч

Read more
 

Спорт

Хамилтон од пол-позицијата ќе го стартува спринтот во Шангај

Читај повеќе

Конор Мекгрегор се кандидира за претседател на Ирска

Читај повеќе
  • play_arrow

Брони постигна рекорд во тешкиот пораз на Лејкерс

Читај повеќе

Познато во кои 11 европски градови ќе се шири НБА

Читај повеќе

ИОК има нова претседателка - од Зимбабве

Читај повеќе

Ракометарките ги дознаа противничките во квалификациите за ЕП

Читај повеќе

ФИФА продолжува со фарсата: Мундијалот 2030 со 64 репрезентации

Читај повеќе

Бостон има нов сопственик – Селтикс се најскапата франшиза

Читај повеќе

Јапонија прва обезбеди пласман на Мундијалот 2026

Читај повеќе