Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, изјавил дека потпишал нов договор со клубот, пренесуваат шпанските медиуми.
Претходниот договор на Зидан истекуваше на крајот од сезоната, а поранешниот француски репрезентативец не откри уште колку ќе остане на Сантијаго Бернабеу.
Зидан за само 18 месеци поминати како тренер на „Кралскиот клуб“ успеа два пати по ред да ја освои Лигата на шампионите, титула во Шпанија, два Суперкупа и Светсткото клупско првенство.
„Обновувањето на договорот е веќе завршена работа. Работам од ден за ден, не гледам многу подалеку од тоа“, истакна легендарниот „Зизу“.
Реал изминатава недела ја продолжи соработката со неколку свои фудбалери, а од клубот се уште не излегоа со официјално соопштение дека тоа го сториле и со тренерот.
Сепак, Зидан изјави дека се договорил со клубот за нов тригодишен договор, но се уште нема ништо потпишано.
Тој во Реал пристигна во 2016 година како замена за Рафаел Бенитез, а претходно го водеше тимот Б.