Зидан на големо се враќа, конечно ќе ја добие работата што отсекогаш ја чекаше

Легендарниот француски фудбалер и стручњак, Зинедин Зидан, планира големо враќање во фудбалот, а како што пренесуваат медиумите од неговата земја, речиси сигурно тој ќе биде наследникот на Дидје Дешам.

Француските медиуми синоќа пласираа вистинска бомба, откако беше објавено дека Дидје Дешам си заминува од селекторската функција на Франција. Дешам по 14 години владеење најави заминување од клупата на „Ле Блу“ по Светското првенство во 2026 година.

Него, според сите проценки, ќе го наследи Зинедин Зидан како единствен адекватен кандидат. Славниот француски фудбалер не сака да води никого во својата кариера освен Реал Мадрид и француската репрезентација, а бидејќи со Реал освои сѐ што може да се освои, единствена желба му е репрезентацијата на неговата земја.

Угледниот француски весник Le Parisien наведува дека Зидан е апсолутен фаворит за преземање на клупата од Дешам и ќе биде вистинска сензација доколку тоа не се случи на крајот.

Така што ќе мора да чекаме некое време за враќањето на Зидан во фудбалот, но ќе вреди, бидејќи тоа е неговата најголема неостварена желба во фудбалската кариера, вклучувајќи ги и играчките денови.

Да потсетиме, Светското првенство во 2026 година ќе се игра во САД, Мексико и Канада. Тоа ќе биде идеална можност за Дешам на најдобар начин да се прости од француската селекција со која стана светски шампион на Мундијалот 2018 во Русија.

Бидејќи Французите веќе важат за едни од главните фаворити, Дешам би можел да се збогува во најубав стил - со нова титула светски шампион.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Исфрлањето на алкохолот може ефикасно да помогне во топењето на салото на стомакот

Read more

Под студената надворешност кријат нежна страна: 3 хороскопски знаци глумат ладнокрвност

Read more

Фудбал

Кин: Хојлунд игра како дете што излегло од академија, а за него платија 85 милиони евра

Read more

ФА куп финале: Сити по спас на сезоната, Кристал Палас по историја

Read more

Навивачите влегле на тренингот на Сампдорија, побарале играчите да ги соблечат дресовите

Read more

УЕФА жестоко ја казни Хрватска

Read more
 

Спорт

Кин: Хојлунд игра како дете што излегло од академија, а за него платија 85 милиони евра

Читај повеќе

ФА куп финале: Сити по спас на сезоната, Кристал Палас по историја

Читај повеќе

Навивачите влегле на тренингот на Сампдорија, побарале играчите да ги соблечат дресовите

Читај повеќе

УЕФА жестоко ја казни Хрватска

Читај повеќе
  • play_arrow

Њујорк Никс демонстрираше сила и го елиминира бранителот Бостон

Читај повеќе
  • play_arrow

Буфон: Јас бев ВАР во финалето на Светското во 2006 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден е Јокиќ!

Читај повеќе
  • play_arrow

Флик ги бркаше играчите на Барса од терен оти ја славеа титулата кај ривалите

Читај повеќе

Македонија ги дозна ривалите на ЕП

Читај повеќе