ЛА ЛИГА 2020/21

Зидан нема објаснување за вчерашната бламажа со Алавес

„Кралевите“ имаа мизерна вечер среде Мадрид доживувајќи неочекуван пораз од Алавес, а згора на тоа се повреди и Еден Азар.

Ниту стратегот Зинедин Зидан не можеше да си објасни како се случи синоќешниот пораз, трет сезонава во Ла Лига и втор овој месец.

„Немам објаснување. Вечерва мешавме добри со лоши периоди. Кога постигнаа гол по само пет минути игра, работите станаа комплицирани за нас“.

Во средата Реал на сличен начина славеше против Интер на гости, со гол од пенал во 3. минута. Само неколку дена подоцна, истото сценарио се повтори, но овој пат не во корист на мадриѓаните.

„Пред неколку дена во Милано одигравме навистина добар натпревар, а сега... Тоа е реалноста, нашата реалност. Мора да продолжиме да работиме, да ни се опорават играчи и да ја промениме динамиката. Немаме конзистентност“, вели Зидан.

На прес-конференцијата Зизу беше прашан како ќе им помогне на играчите да ја пронајдат таа конзистентност, на што тој не сакаше да открие.

„Морам да најдам решение заедно со играчите. Нема да го соопштам вака. Не смееме да мислиме негативно, треба да погледнеме и каде одигравме добро и да се обидеме да бидеме конзистентни“.

Да биде бељата поголема, по само 28 минути игра Еден Азар мораше да биде заменет поради повреда.

Лукас Перес донесе водство за Алавес во 5, минута од пенал, а во 49. Хоселу зголеми на 0:2. Реал Мадрид гол за утреха постигна на 4 минути пред крајот преку Каземиру.

Remote video URL
реклама

Џака со погрешно знаме го честиташе Денот на независноста на Косово 

Read more

Како ќе напикаат 1.750 паркинг места кај поранешната Печатница на Нова Македонија?

Read more

На 17 февруари почна нова златна доба за три хороскопски знаци

Read more

Илон Маск го запали интернетот: Програмирањето какво што го знаеме ќе исчезне до крајот на 2026-та

Read more

Фудбал

Филипе Кутињо го напушта матичниот клуб откако навивачите го исвиркаа

Read more

Џака со погрешно знаме го честиташе Денот на независноста на Косово 

Read more

Мајмуни Прилеп: И покрај сите наши напори да не згасне Победа, не успеавме

Read more

Бенфика со видео доказ ги поби тврдењата на играчите на Реал

Read more
 

Спорт

Филипе Кутињо го напушта матичниот клуб откако навивачите го исвиркаа

Читај повеќе

Џака со погрешно знаме го честиташе Денот на независноста на Косово 

Читај повеќе

Мајмуни Прилеп: И покрај сите наши напори да не згасне Победа, не успеавме

Читај повеќе
  • play_arrow

Бенфика со видео доказ ги поби тврдењата на играчите на Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Мурињо: Вини ми кажа едно, Престиани друго, не му верувам на никого 100%

Читај повеќе
  • play_arrow

Жестока порака на Винисиус: Мораше да стави дрес преку устата затоа што е слаб

Читај повеќе

Престиани проговори: Не го навредив Винисиус на расна основа

Читај повеќе

Азар: Се чувствувам повеќе како таксист отколку како фудбалер

Читај повеќе

Откриени детали од расправијата на Роналдо со Тен Хаг: Португалецот излегол поголем инает

Читај повеќе