Зидан објасни зошто ги врати Навас, Марсело и Иско во првата постава

Францускиот стручњак Зинедин Зидан со победа го почна вториот мандат на клупата на Реал Мадрид откако се врати во клубот по неполна година, а со неговото враќање ситуацијата во екипата значително се подобри.

Така, Зидан уште во првиот меч им даде прилика на Марсело, Иско и Навас кои под Солари беа ставени целосно во втор план, а тој исто така рече дека се надева дека играчите на Реал Мадрид на вистински начин ќе ги одиграат  останатите десет натпревари во Ла Лига.

„Само во првото полувреме имавме одредени потешкотии, што е сосема нормално, а во второто нѐ понесе публиката и во таа атмосферат играчите добро играа. Среќен сум за победата бидејќи во фудбалот најважно е да победувате. Натпреварот против Селта беше предизвик за нас и морам да кажам дека ми е особено драго што Иско постигна гол. Останаа уште десет натпревари во сезоната и се надевам дека ќе ја завршиме на вистински начин“, рече Зидан.

Французинот потоа објасни зошто на првиот натпревар по враќањето на клупата на Реал ги стави Навас, Марсело и Иско во првата постава и уште еднаш покажа каков џентлмен од човек е.

„Сакам Кејлор Навас да се чувствува важен, го ценам Куртоа кој покажа дека е одличен голман, но не заборавам што направи Навас за нашиот клуб. Не играше многу во последно време и сакам тоа да се смени, истото е и со Марсело и со Иско. Никој не смее да заборави што направија овие играчи во дресот на Реал Мадрид и јас сметам на сите нив“, рече Зидан.

Реал Мадрид ја победи Селта со 2:0. Првиот погодок го постигна Иско на асистенција на Бензема, а вториот Гарет Бејл на кого му асистираше Марсело.

реклама

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Read more
Направете домашна пица во тавче по рецепт на Џејми Оливер

По рецепт на Џејми Оливер: Домашна пица во тавче

Read more

Зошто сите руски космонаути мочаат на гума од автобус пред да полетаат во вселената?

Read more

Грците одбиваат да прифатат бегалци депортирани од Германија

Read more

Фудбал

Конте: Сега сè е во наши раце

Read more

Ридигер му се извини на судијата Де Бургос за дивјачкото однесување

Read more

Sky Sports: Анчелоти го напушта Реал следната недела

Read more

As за драмата пред Ел Класико: Ова е контаминирано финале

Read more
 

Спорт

Лазаров горд на играчите

Читај повеќе

Усик и Дубоа ќе боксуваат за обединување на титулите во тешка категорија

Читај повеќе
  • play_arrow

Тешка повреда на Лилард, се зборува и за крај на кариерата

Читај повеќе

Конте: Сега сè е во наши раце

Читај повеќе
  • play_arrow

Ридигер му се извини на судијата Де Бургос за дивјачкото однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Алкалоид ќе се бори за трофејот во ЕХФ купот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс поразени и покрај 65-те поени на Дончиќ и Леброн, удрија по судиите

Читај повеќе

Sky Sports: Анчелоти го напушта Реал следната недела

Читај повеќе

As за драмата пред Ел Класико: Ова е контаминирано финале

Читај повеќе