УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Зидан: Ова ќе биде тешка година за нас

По новиот неуспех на Реал кој синоќа едвај се изваде од пораз во Менхенгладбах, стратегот Зинедин Зидан призна дека сезонава нема да биде воопшто лесна за негвиот тим.

Реал Мадрид можеби го совлада најголемиот ривал Барселона во саботата и тоа на „Камп Ноу“, но и во 2. коло од Лигата на шампионите остана без победа.

Не само што не победија, туку „Кралевите“ беа пред пораз и со два гола во самиот финиш успеаја да го освојат првиот бод на гостувањето кај Борусија. Да, првиот бод, бидејќи во 1. коло загубија дома од Шахтар.

„Не очекувавме дека ќе има ваква драма, но мојот тим покажа дека знае како да се справи со ситуацијата. Мислам дека бевме доста добри во првото полувреме. Она што нѐ боли е што направивме сериозна грешка која нѐ чинеше првиот гол“, рече Зизу по натпреварот.

Губењето 2:0 до 87. минута и на крајот освојувањето на бод Французинот го гледа позитивно. Два пораза во првите две кола од Лигата на шампионите ќе беше голем шок за Реал.

„Поседот на топка не успеавме да го претвориме во шанси за гол. Она што ќе го земеме како позитивно од овој натпревар е начинот на кој играчите се повратија. Многу беше важно да се освои овој бод“.

Има уште 4 кола до крајот на фазата по групи, а Реал веќе наредниот вторник го чека нов дуел во ЛШ и тоа против главниот конкурент за првото место, тимот на Интер.

„Ова ќе биде тешка година за сите, но јас сум горд на мојот тим за натпреваров. Ако продолжиме да играме вака дефинитивно ќе ја поминеме групата“, уверен е Зидан.

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Зошто денешните автомобили имаат сè помали резервоари за гориво?

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Фудбал

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Read more

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Read more

Алаба го напушта Реал

Read more

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Read more
 

Спорт

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ја сподели тактиката на размислување пред натпревар

Читај повеќе
  • play_arrow

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Читај повеќе

Алаба го напушта Реал

Читај повеќе

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Читај повеќе

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Читај повеќе

Меси купи клуб во Каталонија

Читај повеќе

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Читај повеќе

Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Читај повеќе