Зидан со провокација за Барселона: Ние имаме 33 титули, а вие?

Барселона синоќа забележа нова победа и со тоа направи чекор напред кон освојување на нова титула во домашното првенство. Но, тоа не му прави никаква разлика на Зинедин Зидан, кој и понатаму смета дека Реал Мадрид е супериорен во однос на каталонскиот ривал.

Оваа сезона тргна лошо, а завршува уште полошо за Реал Мадрид. Две тренерски смени, лоша форма на играчите и испаѓање од борбата за сите титули кои беа во игра сезонава – тоа се резултатите од хаотичните осум месеци кои ги преживеа „кралскиот клуб“.

Без разлика на тоа што Барселона се наоѓа на врвот на табелата, со 12 бодови предност во однос на Атлетико Мадрид и 16 бодови предност пред Реал Мадрид, сепак луѓето од таборот на „кралскиот клуб“ се убедени дека нивниот клуб и понатаму е најпрестижниот претставник на Ла Лига.

„Ла Лига е многу важна за нас, исто како и за навивачите. Трофејот од домашното првенство е приоритет бр. 1 за наредната сезона“, изјави Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид.

Тој смета дека реномето на Реал Мадрид е задржано и покрај лошата сезона. Според Зидан, Реал Мадрид продолжува да биде најголемиот клуб во Шпанија, а добрата сезона на Барселона не направила доволно за да го загрози приматот на „кралскиот клуб“.

„Ние имаме 33 титули во Ла Лига. Колку има Барселона? Точно е дека им оди одлично во изминатите неколку години и мора да си го признаеме тоа. Но, нашата историја брои многу повеќе титули“, додаде Зидан.

Пред Реал Мадрид се наоѓа бурно лето, кога во фокусот ќе бидат ставени трансферите кои клубот ќе ги направи со цел да го засили составот за следната сезона. Се споменуваат трансфери на неколку нови играчи, како Еден Азар, Н’голо Канте и Нејмар, но како што стојат работите, неколку играчи би можеле и да го напуштат клубот. На големо се пишува за заминувањето на Герет Бејл, Маријано Дијаз, па дури и Кејлор Навас, кој иако беше дел од составот на Зидан при освојување на Лигата на шампионите, сепак е значително постар од неговиот колега и ривал за првотимското место на голманската позиција, Тибо Куртоа.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе