Зидан: Во Реал има многу играчи кои можат да донесат пари

Мадрид, 14 април 2019 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, одби да ги коментира трансфер плановите на „кралскиот“ клуб.

– Тука има многу играчи, кои можат да донесат пари. Секој е многу добар и има голем интерес за нив, рече Зизу, на прашањето дали „белите“ треба да го продадат Иско, откако тој е меѓу најскапите на пазарот.

Во врска со ситуацијата со Герет Бејл, францускиот стратег рече дека се потпира на Велшанецот.

– Останаа седум мечевии. Ќе има промени. Се потпирам на Герет, вели стратегот.

Зидан ги откри причините поради кои Тони Крос го пропушти денешниот тренинг.

– Тој има проблеми со стомакот. Тој имаше тешка ноќ и затоа не тренираше денес. До утре, ќе видиме дали тој ќе биде во ред, откри Французинот.

Во однос на Карим Бензема, според него тој е „компатибилен со сите“.

– Добрите играчи знаат како да играат заедно. Карим е поинаков. Тој прави многу работи, тој постигнува голови како „деветка“ и ја организира играта како „десетка“, рече менторот на „Лос Меренгес“.

Реал Мадрид гостува на Леганес утре од 21 часот.

реклама

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе