Зидан за паненката против Буфон во финалето во Берлин

Франција и Италија играа во големото финале на Мундијалот 2006 во Германија, финале кое останува запаметено по многу работи, меѓу кои и паненката на Зизу против одличниот Буфон.

Французите во 7. минута добија удар од белата точка откако аргентинскиот судија Орасио Елисондо оцени дека Марко Матераци го фаулирал Флоран Малуда во казнениот простор. Топката ја зеде во тој момент најдобриот играч во светот, Зинедин Зидан, а против него на гол-линијата беше најдобриот голман во светот, Џанлуиџи Буфон.

Популарниот Зизу ги остави сите без здив кога навидум ладнокрвно изведе папенка удар, топката удри во пречката и падна зад линијата, со што ги доведе „Ле Блу“ во водство.

Но, паненката сепак воопшто не била планирана. Зизу имал други намери кога се сетил на еден факт. Тоа се приметува и во самиот удар, кој е премногу силен за паненка. Зидан за малку не го промаши пеналот.

Remote video URL

„Немав намера да го изведам ударот на тој начин, требаше да шутирам десно од голманот, како и обично. Во последен момент, додека се приближував кон топката да го изведам ударот, се сетив дека Буфон играше против мене во Италија и знаеше како обично изведувам пенали, па решив да го сменам правецот на ударот во паненка во последната секунда!“

Вака Зидан го прокоментира тој пенал, сметајќи го тоа што го направи како нешто обично. Тоа беше само топка која во последен момент го смени курсот, и навистина Зидан беше во право, додека Буфон се фрли на неговата десна страна.

Додека ние го гледаме како нешто речиси нереално што тој би шутирал против Буфон на таков начин во финале на Светско првенство, тука лежи генијалноста - правењето на едноставна работа што другите ја гледаат како незамислива.

Зидан го измами светот со тој удар, а како можеше кутриот Буфон да знае каде ќе шутира Зидан ако самиот Зидан не знаеше до последната секунда пред да ја допре топката.

Италијанците потоа израмнија преку Матераци, а Зидан финалето неславно предвреме го заврши, со црвен картон во 110-тата минута. Натпреварот дојде до изведување на пенали, а „Аѕурите“ славеа со 5:3 и станаа светски шампиони.

реклама

Марс во Водолија им носи среќа на 4 хороскопски знаци

Read more

Нови докази го поместуваат потеклото на Македонското Кралство во 575 година п.н.е.

Read more

Утре снежни врнежи, наместа снежната покривка ќе се зголеми и до 25 сантиметри

Read more

Кои се земјите што влегоа во Одборот за мир на Трамп?

Read more

Фудбал

Работнички на две пријателски постигна исто голови колку цела полусезона

Read more

Алиша Леман има нова љубов, заведе уште еден фудбалер и ѕвезда од ријалити шоу

Read more

Џеко ќе ја носи десетката во Шалке 04

Read more

Ќе биде лудило во последното коло од ЛШ: Само Арсенал и Баерн веќе се во осминафиналето

Read more
 

Спорт

Мерцедес го претстави болидот за новата сезона

Читај повеќе

Работнички на две пријателски постигна исто голови колку цела полусезона

Читај повеќе

Андреас Волф ја запре Португалија

Читај повеќе

Алиша Леман има нова љубов, заведе уште еден фудбалер и ѕвезда од ријалити шоу

Читај повеќе

Џеко ќе ја носи десетката во Шалке 04

Читај повеќе

Ќе биде лудило во последното коло од ЛШ: Само Арсенал и Баерн веќе се во осминафиналето

Читај повеќе

Адетокунбо поостар од кога било за тимот и соиграчите: Нема хемија, нема ништо

Читај повеќе
  • play_arrow

Разиграниот Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија Опен

Читај повеќе

Лукас Ернандес и неговата сопруга обвинети за трговија со луѓе

Читај повеќе