Зинедин Зидан – Неповторлив освојувач во светот на фудбалот

Никој никогаш пред збогување од играчката кариера не играл подобар фудбал на врвно ниво од Зинедин Зидан. Никој никогаш не ја напуштил тренерската клупа после успеси слични на оние кои ги оствари Зинедин Зидан. Целото она што го правеше како играч и што го прави како тренер Зидан го прави едноставно, односно прави вистински потези во вистинско време.

Дали всушност постои сон на играч дека би ги надминал реалните успеси на Зидан за време на неговата играчка кариера?

Првак на Европа и светот со репрезентацијата, шампион на Европа со клубот и три пати најдобар играч на светот.

Дали постои тренерски сон за надминување на успесите на Зидан на тренерската позиција? Три последователни титули во Лигата на шампионите и две последователни титули првак на светот.

И да се одлучи повеќе никогаш да не гледа фудбал, тој едноставно ќе биде запаметен како најголемиот фудбалски мозок на сите времиња, бидејќи кога ќе ги споите неговата играчка и тренерска кариера, Зидан останува сам.

Како играч Зидан не претрчуваше седум играчи за да даде гол, ниту пак филозофски ја следеше топката при изведување на слободни удари, не делуваше ниту како играч кој има бели дробови како за на маратон, но тој едноставно знаеше да експлодира во моменти, знаеше и да одигра просечно како и секој играч, но како што влогот се зголемуваше, така неговата уникатна визија и нереална елеганција доаѓаа до израз.

Кога копачките ги замени со одело, Зидан продолжи да го прави истото, повторно делуваше како да прави лесни и едноставни работи. И повторно стана еден од најдобрите, а за тоа најдобро зборуваат освоените титули.

Како тренер на Реал не даваше бомбастични изјави, секогаш ја презимаше вината, никогаш не ги обвинуваше своите или пак играчите на противниците. Не бараше скапи засилување. Ниту пак дојде со некој свој систем за да го натера тимот да се прилагоди на него.

Немаше кавги со судиите, не најавуваше големи работи, но ги оствари најголемите, досега невидени.

Зидан и како играч и како тренер, а пред се како човек е познат по тоа што носи вистински одлуки во вистинско време и тоа е неговата најдобра особина.

Она што е заедничко во двете збогувања на Зидан, збогувањето од играчката кариера и збогувањето од тренерската позиција, е тоа што и во двете ситуации тој си замина додека беше на самиот врв, кога беше шампион, иако во 2006 година си замина после инцидентот со Матераци, сепак тој замина како шампион.

Прашањето кога се наметнува сега е: Што понатаму?

Зидан веројатно нема да се збогува од тренерската позиција, тоа не се очекува да се направи во 46 година од животот. Се шпекулира дека има желба еден ден да биде селектор на Франција.

Што и да одлучи две работи ќе бидат сигурни: Едната е дека неговиот следен чекор ќе биде под голема лупа на јавноста и со секој неуспех лесно ќе се побива целото она што досега го направи. Другата работа е што никој не може да му го одземе она што го направи и кое покажува дека фудбалот досега никогаш нема видено освојувач од калибарот на големиот и единствениот Зинедин Зидан.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе