Ѕирнете во луксузната вила на Новак Ѓоковиќ во Шпанија
Новаќ Ѓоковиќ пред неколку месеци купи луксузна вила во Марбелја, шпанско одморалиште во близина на Малага.
За импресивното издание српскиот тенисер потроши 10 милиони евра. Се простира на 1.000 метри квадратни. Пред да го купи, Новаќ го изнајмуваше по цена од 10.000 долари неделно.
Куќата поседува девет спални соби, осум бањи,затворен базен, неколку салони, кино, соба за игри, спа центар, сауна и теретана. Во надворешниот дел има голема градина со базен и поглед кон море.