Според Forbes, богатството на Мајкл Џордан се проценува на 1,6 милијарди долари, а во 2019 година купи спектакуларна јахта за која одвои 80 милиони долари и ги има сите видови луксуз.

Оваа импресивна јахта наречена Joy е долга 70 метри и меѓу бројните содржини се истакнува со кошаркарско игралиште, големо џакузи на една од терасите и модерна теретана во која може да уживате во поглед на морето.
Внатре, оваа суперјахта има простран простор за дневен престој исполнет со луксуз, седум кабини – секоја со различен дизајн во стил на 70-тите години.
Главната кабина на бродот нуди поглед од 270 степени и има директен пристап на тераса. Исто така, има просторија за дневен престој и голема бања со џакузи.
Јахтата има капацитет за 12 гости и 19 членови на екипаж, има и лифт. Најголемо изненадување сепак е кошаркарското игралиште на кое Џордан може да ужива во неговата најголема страст, кошарката.