Златан го опиша искуството во Англија: Премиер лигата е преценета

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ играше во најголемите лиги во светот и притоа собра огромен број трофеи. Но, оној што му недостасува е трофејот од Премиер лигата, каде се задржа само една сезона и веднаш стана фаворит на навивачите на Манчестер Јунајтед.

Ибра откри дека квалитетот на Премиер лигата е онаков како што мислел дека е пред да потпише за Манчестер Јунајтед – преценет.

Откако си замина од родната Шведска, каде ги бранеше боите на Малме, Златан Ибрахимовиќ помина четири сезона во Холандија, седум сезони во италијанската Серија А, четири сезони во Франција и една сезона во шпанската Ла Лига, а во тој период освои вкупно 12 лигашки титули. А во 2016 година, кога Швеѓанецот имаше 34 години, реши да направи трансфер во Англија, каде му се приклучи на тимот на Манчестер Јунајтед.

„Премиер лигата беше токму онаква каква што мислев дека е. Имаше многу возбуда и неизвесност, темпото беше многу брзо, но квалитетот не беше ништо посебно. Ако не можеш да го издржиш темпото и интензитетот, тогаш нема да преживееш. Ама од технички аспект, лигата е преценета“, изјави популарниот Ибра.

Во единствената сезона во Премиер лигата тој успеа да постигне 17 гола на 28 натпревари и вели дека искуството на играње во дресот на Манчестер Јунајтед е нешто што навистина сакал да го доживее. Веднаш потоа Ибрахимовиќ замина во САД, каде и ден денес го носи дресот на Лос Анџелес Галакси

„Не жалам што не останав повеќе време во Премиер лигата, туку жалам што не дојдов во Англија 10 години порано. Уште повеќе ми е жал за навивачите, кои пред една деценија ќе имаа шанса да видат потполно различен ѕвер“, додаде Ибрахимовиќ.

Легендарниот Швеѓанец откри дека сериозно размислувал да направи трансфер во Англија во 2011 година, откако несогласувањата помеѓу него и Пеп Гвардиола излегоа на виделина додека тој играше за Барселона. Сепак, решил да се врати во Италија, каде знаел дека ќе биде повторно среќен и ќе ужива во фудбалот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе