Златан: Ибра не е играч за Лига Европа

Ибрахимовиќ најави заминување од Милан бидејќи очигледно неговите амбиции со оние на клубот се разликуваат.

„Ибра или игра за да освои нешто или останува дома“, почнува Златан Ибрахимовиќ во интервју за реномираниот италијански спортски весник La Gazzetta dello Sport.

„Ми рекоа дека пензионирањето во Америка е премногу лесно, па се вратив во Милан. Тука сум чисто поради страст бидејќи јас практично играм беспари. Потоа оваа корона ситуација запре сѐ и си помислив дека, можеби, нешто пробува да ми каже дека треба да се пензионирам“, открива тој.

„За среќа, се вративме на терен. Потоа се јавија проблемите со задниот лист, но по два дена веќе бев спремен да се вратам во тимот. Таков е Ибра. Но, тие ми рекоа да не брзам“.

Поради повредата Ибрахимовиќ ги пропушти првите три натпревари по рестартот на сезоната, полуфиналето од Копа италија против Јувентус и лигашките дуели со Лече и Рома.

Милан тргна одлично забележувајќи 4 победи и реми во петте натпревари од Серија А. Но тоа е доволно само за борба за 5. место и директен влез во групите од Лига Европа, второкласното европско натпреварување.

„Ибра се роди за да игра фудбал и сѐ уште е најдобар во тоа. Ќе видиме како ќе се чувствувам за два месеца. Ќе видиме и што ќе се случува со клубот. Ако ситуацијата е ваква, да бидам искрен, тешко дека ќе ме видите во Милан наредната сезона. Ибра не е играч за Лига Европа, а и Милан не е клуб кој припаѓа таму“, искрен е Швеѓанецот кому уграњето во Лига Европа не му е по ќеф.

Милан не може во Лигата на шампионите, па тоа значи дека Ибра веројатно ќе си замине од таборот на „Росонерите“.

„Не знам дали ќе има друг клуб после Милан, никогаш не сакам да затворам врати за иднината. Би одел само некаде каде што би имал малку контрола, не каде што зборовите не вредат ништо“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе