Минатиот викенд Милан го победи Интер на Сан Сиро во петтото коло од градското дерби на италијанската Серија А благодарение на голот на Матео Габија во 89. минута и стави крај на доминацијата во дербито. Имено, Интер претходно славеше во дури шест последователни дербија над Милан.
Големата победа на Милан ја следеше и Арманд Дуплантис, најдобриот спортист на денешницата и воопшто еден од најдобрите спортисти, во друштво на легендата и член на управата на клубот Златан Ибрахимовиќ, кој исто така му е сонародник. 24-годишниот скокач со стап од Шведска моментално е на врвот од кариерата во која постојано пишува историја.
Неодамна, Дуплантис по 10-ти пат во кариерата го собори светскиот рекорд во скок со стап, само 20 дена откако по вторпат ја освои олимписката титула. На собирот на Дијамантската лига во Хорзов, Полска, тој прескокна 6,26 м.
Ибрахимовиќ, исто така, му оддаде почит на Дуплантис во интервју за медиумите:
„Сега кога завршив со фудбалот, некој мора да ја преземе мојата улога и да направи големи работи за Шведска, а тоа го прави Арман одново и одново, бидејќи тој е фантастичен претставник на земјата“.