Златна треска во вселената: Теоретски, имаме по милијарда долари за секој човек на Земјата

Потеклото на златото уште е мистерија, но научниците открија астероид што содржи доволно вредни метали што теоретски на секој човек на Земјата би им донеле по околу милијарда долари.

Станува збор за астероидот Psyche 16 што се наоѓа меѓу Марс и Јупитер, а содржи огромни количини злато, железо и никел. Сега се чека научниците и да го докажат ова откритие, а американската вселенска агенција НАСА планира да го почне тој процес во 2022 година.

Секако, се поставува прашањето дали може да се експлоатира златото во вселената. Професор Џон Зарнецки, претседател на Кралското здружение на астрономи, поценува дека би биле потребни 25 години за докажување на концептот и уште 50 за почеток на експлоатацијата.

Ова зависи од две клучни работи – економската исплатливост и напредокот на вселенската технологија.

Исто така, многу светски сили би сакале да дојдат до „златниот астероид“, а Кина дефинитивно планира да доминира.

Мич Хантер-Скалион, основач на британската компанија Asteroid Mining Company, за BBC изјави дека ова е дефинитивно следниот индустриски „бум“.

„Откако ќе ја поставите инфраструктурата, тогаш можностите се речиси бесконечни. Оние кои ќе бидат доволно храбри да го прифатат предизвикот што се однесува на астероидите ќе заработи астрономска сума пари“, рече тој.

„Она што го правиме сега на Земјата е импресивно, но потрагата по злато во вселената е прашање на инфраструктура“, вели Скот Мур, директор на компанијата EuroSun Mining.

Има астероиди што поминуваат блиску до Земјата и кои би можело да бидат „поттурнати“ во орбитата за да може од нив да се експлоатира вода и други елементи. Исто така, тука е и Месечината на која има злато и платина. Иако гравитацијата е шест пати поголема на Земјата отколку на Месечината, научниците сметаат дека е возможно да се најде начин за експлоатација на руда.

Денес веќе има глобален пазар за рударење на астероиди, а се проценува дека до 2025 година оваа индустриска гранка ќе вреди повеќе од 3,8 милијарди долари.

Глобалната вселенска индустрија денес вреди околу 350 милијарди долари, а до 2040 година ќе биде зголемена на 2,4 илјади милијарди долари.

Освен астероидот Psyche-16, има и еден помал астероид широк 200 метри чија платина вреди 30 милијарди долари.

Кина сака да доминира на овој пазар, а дури и малиот град-држава Луксембург има десет компании регистрирани со дејност вселенско рударење.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе