Филм & ТВ

Златни гени: Ќерката на Кетрин Зета Џонс порасна во вистинска убавица

14. февруари 2019 - 19:24 | А.С.

Актерката Кетрин Зета Џонс (49) вчера беше во првиот ред на ревијата на Мајкл Корс на Модната недела во Њујорк.

Убавицата се појави во друштво на сопругот Мајкл Даглас (74) и нивната 15-годишна ќерка Карис која имаше слична фризура и шминка како мајка ѝ.

И без тоа, сличноста и убавината се неоспорни – младата Карис блесна и покажа дека гените за убавина без сомнение се пренесуваат во ова семејство.

Кетрин во фустан на преклоп покажа дека уште има завидна фигура, а Карис носеше бохо аутфит составен од фармерки, сандали со платформа и кожена јакна со змиски принт.

Друштво во првиот ред на ревијата им правеа актерките Кери Вашингтон и Кејт Хадсон.

Семејството со стил на социјалните мрежи сподели и како се подготвувале за настанот. Славната двојка го има и синот Дилан (18).

Коментирај