Златни правила: Како да направите совршена зимница?

Почетокот на септември е оној период во годината кога треба веќе сериозно да го планираме правењето зимница.

Многу овошја и зеленчуци сега се во фаза кога се најдобри за јадење, но и за конзервирање, а начинот на кој ќе ги подготвите има најголем удел во тоа каков вкус ќе имаат и колку ќе траат.

Ако се придржувате до овој едноставен водич со 11 совети, ќе направите совршена зимница што со гордост ќе ја поставите на вашата трпеза.

1. За подготовка на зимница секогаш треба да користите само зрело, цврсто, здраво и неоштетено овошје и зеленчук. Плодовите со помали оштетувања може да се користат само ако тие делови претходно ги отстраните.

2. Со оглед на тоа дека бојата на исчистеното овошје и зеленчук се менува брзо кога ќе биде изложено на воздух, а се губат и витамините, чистењето и сечењето правете ги непосредно пред да ги подготвувате и конзервирате.

3. Ако имате овошје или зеленчук во вашиот двор или градина, наберете ги непосредно пред да ги преработувате, бидејќи со стоење губат на квалитет и побрзо се расипуваат.

4. Намирниците и садовите што ќе ги користите за време на подготвувањето зимница мора да бидат беспрекорно чисти, а рацете треба да ги миете пред почнувањето на секоја следна фаза.

5. Најдобро е садовите, теглите и шишињата за зимница да ги исперете добро со топла вода, а потоа да ги оставите природно да се исушат.

6. Садовите за термичка преработка мора да бидат емајлирани или од нерѓосувачки челик.

7. Металните капаци и капачиња за тегли и шишиња треба да ги стерилизирате пред употреба.

8. За туршија најдобро е да користите вински оцет и есенција.

9. Ако веќе користите конзерванс (натриум бензоат) сметајте дека кесичка од 5 грама е доволна за 5 килограми овошје или зеленчук. Не се препорачува поголема доза на конзерванс од ова.

10. Зимницата треба да ја чувате во сува, проветрена и ладна просторија каде зимно време водата не замрзнува и нема директна сончева светлина. Оваа остава треба да ја проветрувате еднаш неделно во текот на зимата, најдобро околу пладне.

11. На сите тегли и шишиња треба да ставите етикети со состав и датум на конзервирање.

реклама

Ветерани на ОВК го блокираа седиштето на организацијата и фрлаа флаши кон припадниците на ЕУЛЕКС

Read more

Еротски колаж

Read more

Возевме: Спуст по новата велопатека на Водно

Read more

Секси калчо (I дел)

Read more

Рецепти

Десерт на денот: Чизкејк со јагоди

Read more

Предлог за ручек: Ќофте во сос од домати

Read more

Десерт на денот: Чоколадни мафини со крем и парчиња чоколадо

Read more

Најдобриот рецепт за солени палачинки со тиквичка

Read more

Магазин

  • play_arrow

Мадридското метро се претвори во Венеција

Читај повеќе

Бесплатни превентивни прегледи по повод Светскиот ден на срцето

Читај повеќе
  • filter

Десерт на денот: Чизкејк со јагоди

Читај повеќе

Зошто не треба да се смеете кога се сликате за пасош?

Читај повеќе

Оргазам од 1,8 милиони долари: Најскапата секс-играчка во светот

Читај повеќе

AstraZeneca нуди поевтина вакцина, европските влади ќе плаќаат отштета за можни последици

Читај повеќе

Како да го освоите мажот роден во знакот на Вага?

Читај повеќе

Дома или надвор: Како местото на кое имате секс влијае на вашето расположение?

Читај повеќе

10 направи кои може да ја спасат планетата Земја

Читај повеќе