Интервју со физиотерапевти на Synergy Fitness & Spa

Златните раце на физиотерапевтите: Oпуштање и ослободување од секојдневниот стрес

Модерниот начин на живеење со својата динамика наметнува многу повеќе стрес за разлика од порано. Дневните обврски и цели се зголемуваат од ден за ден и затоа голем број на луѓе го пронајдоа совршеното решение во Synergy Fitness & Spa за намалување на секојдневниот стрес.

Сите посетители кои вежбаат во центарот константно ги посетуваат професионалните физиотерапевти кои редовно помагаат при ослободување од стресот. Голем број од луѓето го посетуваат центарот само за масажите.

Овој центар нуди многу повеќе отколку само тренирање, вежбање и масажи. Во самиот центар воздухот поминува низ посебни филтри за прочистување и менаџирање на температурата со цел секој да може да вежба во совршена околина. Ова внимание на детали дава до знаење дека Synergy Fitness & Spa на посебен начин се грижат за секој кој го посетува центарот. Вежбањето во центарот ослободува од секојдневниот стрес на различни начини. За различните методи на опуштање најдобро знаат физиотерапевтите на Synergy Fitness & SpaСимона Цветкова, Цветанче Стојчевска и Драгана Аврамска.

1. Симона, што те мотивираше да влезеш во светот на физиотерапијата?

Отсекогаш сум сакала да им помагам на луѓето. Таа е клучна карактеристика која сум драга што ја делиме со сите колешки. Тоа што сите имаме една иста водилка во нѐ прави совршен тим. Заедно ја споделуваме желбата за физиотерапија и затоа редовно се координираме за различните терапии и видови на масажи. Ваквиот начин на функционирање е додатна мотивација за тоа што најмногу го сакам. Физиотерапијата е еден од најприродните начини како да им се помогне на луѓето. Има многу лица кои патат од физички проблеми. Нивните проблеми ги ограничуваат во секојдневното живеење и кога барем малку можеш да им овозможиш нормално функционирање тоа те исполнува. Во Synergy имаме различни методи. Тука работиме со професионални спортисти и кога им помагаме во намалувањето на ризикот од повреди знаеме дека правиме разлика во нечиј живот. Истото се однесува и на другите клиенти кои во Synergy наоѓаат парче мир од метежот и тежината на денот. Голем број на луѓе избираат да вежбаат и да ја извадат негативната енергија и потоа да се опуштат со некоја од масажите. Најчесто користиме Relax, спортска и балиска масажа. Кај секоја од нив клиентите ни кажуваат дека се чувствуваат супер и дека ефективно се ослободиле од стресот. Кога знаеме дека им помагаме да најдат повеќе енергија и мотивација за функционирање се радуваме затоа што сме сигурни дека ќе имаат подобар ден.

2. Симона, рековте дека имате неколку вида на масажи. Која масажа е твоја специјалност?

Како што реков претходно сите си ги поделуваме обврските. Сепак, најудобно се чувствувам кога правам Relax масажа затоа што знам дека луѓето тогаш најефикасно се опуштаат. Овој метод и начин на негување на мускулите функционира така што се ослободува стресот од секој дел од телото. Со оваа масажа се врши ептен мал притисок врз мускулите за ефективно да се опуштат. Притоа се масираат истите за да се зголеми крвотокот и со тоа се овозможува кислородот од крвта да стигне до сите клетки. Јас користам еден трик со тоа што по разговор со клиентите за тоа на кои места имаат најмногу болка применувам медицинска масажа. На овој начин спроведувам додатен притисок на тие мести и различни движења за додатно да попушти стегата на мускулите во тој дел и за релативно брзо време да не чувствуваат болки.

3. Цветанче, што е најпотребно за да се биде физиотерапевт?

Физиотерапијата е комплицирано поле на работа. Затоа не може човек да поседува само една вредност за да биде физиотерапевт. Нашата работа се базира на мрежа од неколку човекови карактеристики и секој во оваа област би посочил неколку. Сепак, повеќето би се сложиле дека знаењето, трпението и искуството се клучни за ефикасно работење. Нашата желба и мотивација доаѓа од тоа што гледаме да им помагаме на луѓето. Истрајноста да продолжиме во секојдневна реализација на таа цел води кон изградување на клучните вредности за ефикасно работење и помагање на луѓето.

4. Цветанче, и ти имаш сопствена специјална масажа? Која е таа?

Јас најмногу се фокусирам на спортската масажа. Во Synergy има голем број на професионални спортисти и атлетичари кои редовно тренираат. Со спортската масажа им помагаме да го намалат ризикот од повреди. Нивната кариера им е најзначајна во животот и кога доаѓаат кај нас на терапија многу ни е драго. Ние се трудиме да им овозможиме полесен напредок во кариерата. Во спортската масажа за разлика од Relax користиме малку повеќе притисок врз телото. На овој начин мускулите се под поголем интензитет и тие се јакнат додека низ нив поминува поголемо количество на крв и се снабдуваат со природна доза на кислород. Истегнувањата се исто така дел од оваа масажа така што се врши додатно опуштање на мускулите после вежбањето за тие да може да се одморат.

5. Драгана, колку масажите помагаат во тренирањето, секојдневието и опуштањето?

Како што посочија моите колешки, масажите помагаат многу на сите кои ги користат. Тие не се само за спортисти. Овој начин на релаксација на телото помага на секој. Масажите се клучни во намалување на стресот, намалување на ризикот од повреди, здобивање со повеќе енергија и задржување на позитивен став. Најпаметно е секој барем неколку пати во месецот да оди на масирање. Очигледно е дека ние се фокусираме на помагање на луѓето и ни претставува задоволство што ја имаме оваа можност. Секој е различен и затоа секој од нас користи различни методи за спроведување на секој тип на масажа. Некогаш кога ќе видиме дека клиентот има одредени други проблеми ги менуваме динамиката и ритамот за да се прилагодиме на нивните потреби и затоа секоја масажа е различна. Користејќи разновидни пристапи им помагаме на луѓето на секаков можен начин. Целта е секогаш иста, луѓето да имаат подобар ден и подобар живот. Јас на пример се фокусирам на балиската масажа што е сосема различна од другите.

6. Драгана, балиска масажа звучи егзотично. Што вклучува таа и кои се придобивките од истата?

Голем број на клиенти се заинтересирани за балиската масажа. Таа ја има истата цел како и другите масажи само што користи различни методи. При оваа масажа исто така ги третираме мускулите со низок притисок и мал интензитет за мускулите да се здобијат со повеќе кислород и да се поздрави. Разликата е во тоа што користиме акупресура. Овој метод е развиен пред 5.000 година во Азија и многу често се користи во Кинеската медицина. Со врвовите на прстите таргетираме специфични точки на телото. Овие точки се поклопуваат со канали кои ги викаме меридијани и кои ја намалуваат болката и тензијата во мускулите при што ефективно го зголемуваат протокот на крв. Балиската масажа опфаќа и други методи кои зависат од самите клиенти. Масажите се различни и треба да се прилагодуваат на луѓето. Доколку некој има болка во грбот таа е точката на која физиотерапевтите треба да се фокусираат. Стресот знае да се вкотви во одреден дел од телото и кога тој дел ќе се опушти луѓето чувствуваат ослободување. Затоа со колешките, како професионални физиотерапевти, се прилагодуваме на сечија потреба.

*Спонзориран текст

реклама

Две намирници кои ги јадеме речиси секој ден го уништуваат црниот дроб

Read more

Вучиќ: Што им згрешивме на Бугарите, не би знаел да кажам

Read more

Стапи на сила воениот договор меѓу Северна Кореја и Русија: Предвидува помош без одлагање

Read more

Лавров влезе во ЕУ, на Захарова ѝ ја укинаа визата

Read more

Македонија

Комисијата за заштита од дискриминација незадоволна од предлог-законот за основно образование

Read more

Мицкоски: Не може да му помагаме на ЈСП во недоглед

Read more

Квалитетот на горивата во Македонија под лупа

Read more

Костовски: Ликот на Богородица се појави во црква во Бутел на големиот празник

Read more
 

Вести

Колку ќе се зголеми саатницата во Германија во 2025 година?

Читај повеќе

Комисијата за заштита од дискриминација незадоволна од предлог-законот за основно образование

Читај повеќе

Планиран атентат на италијанската премиерка Џорџа Мелони

Читај повеќе

ЕУ има нов план за мигрантите, промената е драстична

Читај повеќе
  • play_arrow

Лавров влезе во ЕУ, на Захарова ѝ ја укинаа визата

Читај повеќе

Мицкоски: Не може да му помагаме на ЈСП во недоглед

Читај повеќе

Русинка шпионирала во САД за Руската Федерална служба

Читај повеќе
  • play_arrow

Калуѓерка уапсена за поврзаност со италијанската мафија

Читај повеќе

Amnesty International за прв пат тврди дека Израел врши геноцид во Појасот Газа

Читај повеќе