Филм & ТВ

Злото се враќа: Финален трејлер за хоророт „It: Chapter Two“

19. јули 2019 - 11:43 | А.С.

Стигна финалниот трејлер за продолжението на хоророт за страшниот кловн, насловено „It: Chapter Two“ што ќе почне да игра во кината од септември.

Новото режисерско остварување на Андрес Мускети носи уште пострашна приказна што го следи дејството во книгата на Стивен Кинг од 80-тите.

„Дваесет и седум години по првата средба со страшниот Пенивајз, членовите на Клубот на губитници се пораснати и отселени. Тогаш еден застрашувачки телефонски повик ги враќа во Дери“, стои во описот на филмот.

Во новиот филм ќе има навраќање во минатото, како и доза хумор.

Првиот „It“ филм заработи 700 милиони долари на киноблагајните ширум светот и стана најпрофитабилниот хорор на сите времиња.

Возрасните членови на Клубот на губитници ги играат Џесика Частејн, Џејмс Мекавој, Бил Јадер, Џеј Рајан, Џејмс Рансон, а во улогата на страшниот кловн Пенивејз пак се враќа Бил Скарсгард.

Според филмските критичари, големи се шансите вториот дел да го надмине првиот, пред сѐ благодарение на одличната актерска екипа.

„It: Chapter Two“ премиерно ќе биде прикажан на 6 септември во САД, а потоа ќе се прикажува во кината ширум светот.

Коментирај