Значителен пад на Волстрит

Цените на акциите на Волстрит паднаа во понеделникот, бидејќи инфлациските притисоци во САД не се намалија толку брзо како што се надеваа инвеститорите, предизвикувајќи прашања за тоа до каде ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки.

Dow Jones се лизна за 1,4 отсто, на 33.947 поени, додека S&P 500 падна за 1,8 отсто, на 3.998 поени, а индексот Nasdaq падна за 1,93 отсто, на 11.239 поени. Откако растеа две недели по ред, овие индекси значително паднаа на почетокот на новата недела.

Берзата расте во последните недели благодарение на надежта на инвеститорите дека американската централна банка ќе го забави темпото на зголемување на каматните стапки веќе во декември. Повеќето аналитичари очекуваат дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки за само 0,50 процентни поени овој месец по серијата покачувања од 0,75 поени.

Сепак, ублажувањето на инфлаторните притисоци не оди толку брзо како што се надеваа инвеститорите. Податоците објавени во петокот од американскиот пазар на труд покажаа дека бројот на вработени продолжува да расте над очекувањата и дека растат и платите, што ја поддржува потрошувачката, но и инфлаторните притисоци. Податоците објавени вчера, сепак, покажаа дека активностите во услужниот сектор продолжуваат значително да растат, а расте и вработеноста во тој сектор.

Тагови
реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Read more

Како се снимаше Lord of the Rings

Read more

Бизнис

Цели семејства од Македонија одат на сезонска работа во Хрватска

Read more

Илон Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Read more

Дали на Европа ѝ треба „воена економија“?

Read more

Publicis Groupe Skopje најнаградувана агенција на регионалниот форум на медиуми и креативни индустрии CIM Котор 2023

Read more
 

Вести

Сигна инспекцискиот наод: Момчето-убиец не било малтретирано од соучениците

Читај повеќе

Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд

Читај повеќе

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Читај повеќе

ДУИ: И по 5 години Мицкоски не успева да излезе од сенката на Груевски

Читај повеќе

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Читај повеќе

Концерт на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Филхармонија

Читај повеќе

Зеленски: Подготвени сме за контраофанзива

Читај повеќе

Вучиќ: Секој ден може да дојде до ескалација, Курти нема да престане

Читај повеќе

Рама: Србите да се вратат во институциите, Косово веднаш да распише нови избори

Читај повеќе