Значителен раст на Волстрит

На Волстрит, берзанските индекси силно пораснаа во вторникот, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на голем број компании.

Dow Jones се зголеми за 754 поени или 2,43 отсто, на 31.827 поени, додека S&P 500 скокна за 2,76 отсто, на 3.936 поени, а индексот Nasdaq порасна за 3,11 отсто, на 11.713 поени.

Силниот раст на индексот е благодарение на подобрите од очекуваните деловни резултати на голем број компании, меѓу другите, нафтената компанија Halliburton и производителот на играчки Hasbro.

Johnson & Johnson исто така објави подобра од очекуваната заработка, но цената на акцијата на производителот на лекови падна бидејќи ги намали проценките за заработката за годината поради силниот долар, што ќе влијае на продажбата.

Вредноста на доларот во однос на кошницата од шесте најважни светски валути е зголемена за повеќе од 10 отсто од почетокот на годината, што ги поскапи производите на американските производители на странските пазари.

IBM процени дека силниот долар може да ги „намали“ неговите приходи оваа година за околу 3,5 милијарди долари. Како резултат на тоа, цената на акциите на технолошкиот гигант падна, и покрај повисоките од очекуваните квартални приходи.

И повеќето други компании пријавуваат заработка поголема од очекуваната. Во истражувањето на Reuters, аналитичарите проценуваат дека компаниите од индексот S&P 500 во вториот квартал оствариле 5,8 отсто поголем профит отколку во истиот период минатата година.

„Заработката на компаниите е подобра од проценките што беа намалени. Ова покажува дека високата инфлација и затегната монетарна политика не им наштетиле на корпоративните заработки колку што стравуваа инвеститорите“, рече Пол Ким, директор во Simplify Asset Management.

Сепак, се очекува американската централна банка дополнително да ги зголеми каматните стапки за 0,75 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата, која го достигна највисокото ниво во повеќе од 40 години.

„Макроекономската слика не е променета. Приходите на компаниите се намалуваат, високата инфлација се уште притиска, а ФЕД ја заострува монетарната политика. Затоа, мислам дека таквиот скок на цените на акциите нема сила да се одржи на долг рок“, вели Ким.

Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна за 1,01 отсто, на 7.296 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 2,69 отсто, на 13.308 поени, а париски CAC 1,79 отсто, на 6.201 поен.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе