Знаци дека можеби сте ја прележале омикрон варијантата, а не сте знаеле

Омикрон засега се покажа како варијанта која предизвикува поблаги и поподносливи симптоми, за разлика од делта варијантата на коронавирусот.

Оваа варијанта влијае на горниот респираторен систем и носи симптоми тешки за да ги разликувате од обичната настинка, па често луѓето не одат на тестирање.

Ако во последно време сте биле болни, а не сте направиле тестирање, овие знаци може да укажат на тоа дека сте ја прележале токму омикрон варијантата, пишува Times of India.

Клучни симптоми досега дека сте заразени со вирусот се температура, кашлица и губење на осетот за мирис. Со омикрон варијантата, тоа се промени. Сега најчести симптоми се: болно грло или пецкање во грлото, растечен нос, главоболка, умор и болки во телото.

Сите во семејството се разболуваат еден по друг

Респираторните вируси се многу заразни, а сепак, вирусот SARS-CoV-2 моментално е најдоминантен во светот. За омикрон варијантата се покажа дека се пренесува многу полесно од претходните варијанти и тешко е некој да не се зарази ако бил во контакт со заразен.

Затоа, ако сте биле болни и сте забележале дека сите дома се разболуваат еден по друг, веројатно станува збор за омикрон.

Дигестивни проблеми

Според најновите извештаи, заразените со омикрон појавуваат и дигестивни проблеми. Повраќање, мачнина и губење на апетит се поврзуваат со омикрон.

Опаѓање на косата во големи количини

Алопеција или опаѓање на косата е вообичаен симптом кај многумина кои прележале ковид, а се појавува и недели подоцна. Така,ако одеднаш забележите дека ви опаѓаат прамени коса, а не сте се тестирале, можно е да сте се заразиле со омикрон.

Инфекција на око или осип

Според пишувањето на Jerusalem Post, инфекција на око или чуден осип на ножните прсти може да биде знак дека сте прележале омикрон.

Иако се благи симптоми, ако ги почувствувате, најдобро е да се изолирате дома и да ја следите ситуацијата. Носете маска и држете дистанца, особено од најранливите.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Здравје

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more
 

Магазин

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе