Здравје

Знаци дека ви е ослабен имунитетот

21. март 2019 - 18:43 | А.С.

Имунитетот може да се намали ако не внесувате доволно намирници со хранлива вредност, не спиете доволно или сте под голем стрес. Како да ги препознаете првите знаци на ослабен имунитет и да се заштитите?

Имате проблеми со варењето

Истражувањата покажале дека постои важна поврзаност меѓу имунитетот и цревната флора. Затоа не изненадува фактот дека ослабениот имунитет ќе се покаже преку проблеми со варењето на храната.

Ако имате проблеми со надуеност, гасови и запек, тоа е знак дека нешто не е во ред со вашите црева, но и со вашиот имунитет.

Постојано сте уморни

Има неколку причини зошто постојано се чувствувате уморни, а ослабениот имунитет е една од нив, особено ако уморот е придружен со болка во зглобовите, проблеми со варењето и намален апетит.

Ова се неспрецифични симптоми што укажуваат на ослабен имунитет и се случува да бидат занемарени како поединечни непријатности.

Долго време закрепнувате од настинка

Ако обичната настинка ве врзува за кревет подолго од 2-3 дена, тоа значи дека имунитетот ви е ослабен и на организмот му е тешко да се справи со инфекцијата. Здравата и разновидна исхрана е клучна во овој случај, како и пробиотици и редовни дози витамин C и D3.

Имате инфекција на увото повеќе од еднаш годишно

Ако почесто од еднаш годишно имате инфекција на увото, можна причина за тоа е ослабениот имунитет.

Овие инфекции не треба да ги оставите нетретирани и треба да побарате помош од лекар.

Ослабениот имунитет ќе ве исцрпи и ќе му ја отежне на организмот борбата со болестите и инфекциите. Затоа е многу важно да водите сметка за себе – здраво хранете се, спортувајте, поминувајте повеќе време во природа, наспијте се и одбегнувајте непотребно стресни ситуации.

Коментирај