И треба да вежбате

Знаци кои откриваат дека не се движите доволно

Б.С.Б.
/ 27.04.2021 / 18:21

Поради модерниот начин на живот воопшто не треба да сме изненадени кога нашето тело ќе покаже знаци дека е крајно време да се грижиме за себе.

Всушност, само еден поглед на сопствениот изглед може да открие дека не се движите доволно, пишува Bright Side.

1. Очите ви се натечени

Седечкиот начин на живот е една од главните причини на задржување течности во организмот. Потечените очи се појавуваат поради недоволно движење, тоа значи дека предолгото спиење и излежување не е баш толку безопасно.

Се смета дека јогата е најдоброто решение за овој проблем, како и секојдневно раздвижување на телото.

2. Опстипација

Вежбањето е важно и за редовно празнење на цревата. Ако поголем дел од денот минувате во седење ќе биде потребно повеќе време храната да мине низ дебелото црево. Поради тоа количината вода што вашето тело ја апсорбира е ограничена што доведува до запек. Редовното движење ја подобрува ефикасноста на дигестивниот систем.

Дури и едноставно петминутно истегнување неколку пати во денот може да спречи опстипација.

3. Расеани сте

Ако често ви се случува да подзаборавите некои информации можеби треба да размислите за повеќе движење. Едно истражување откри дека луѓето кои водат неактивен живот покажуваат структурни промени во мозокот во подрачјето на медијалниот слепоочен предел одговорен за нашата способност за паметење.

 

Вежбањето е докажано дека го подобрува памтењето.

4. Болки во колената

Вежбањето може да ги ублажи симптомите на артритис и остеоартритис, особено аеробните вежби. Пациентите со хронични болки во колената треба да следат одредени програми на вежбање, а со редовно вежбање се подобруваат мускулите и ќе станете пофлексибилни.

5. Постојано ви се јаде благо

Физичката активност е совршен сојузник во борбата против желбата за благо бидејќи ја зголемува вашата енергија и ослободува ендорфин кој поттикнува чувство на среќа. Хормоните на среќата за возврат значително ја намалуваат желбата за благо.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фит

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе