Знаци кои покажуваат дека сте претерале со вежбање

А.С.
/ 09.06.2022 / 12:40

Претераното вежбање може да му наштети на вашиот фитнес напредок и да го зголеми ризикот од повреди, особено ако сте почетник, вели светскиот рекордер во powerlifting, Крис Дафин, за Insider.

Незабележувањето напредок, проблеми со расположението или спиењето и постојаната болка се само некои од сигналите дека премногу вежбате и дека е време да ја забавите или промените вашата рутина.

Вежбате напорно, но нема напредок

Кога ќе престанете да гледате напредок, јасно е дека сте отишле предалеку. Ако поминувате часови во теретана и нема подобрување, не им давате соодветен одмор на вашите мускули за да можат да се зајакнат.

Не можете да завршите вежба или да подигнете иста тежина како порано

Ако не го слушате вашето тело, може да почнете да губите од тешко заработената сила. Дафин вели дека прекумерното вежбање може да предизвика замор на мускулите до тој степен што сте премногу исцрпени за да ја завршите вежбата. Време е да ја намалите тежината или бројот на сетови.

Вашето расположение или квалитетот на спиењето се влошени

Ненапредувањето може да ве исфрустрира, а лошото расположение е исто така знак на исцрпеност. Ако губите сон затоа што чувствувате болка навечер, време е за пауза, вели Дафин.

Вашиот опсег на движења или форма се влошени

Друг показател за исцрпеност е ако болката или заморот ја ограничуваат вашата мобилност. На пример, можеби нема да можете да правите длабоки сквотови како порано или правилно да ги држите теговите.

Чувствувате болка или имате повреди што не поминуваат

Долготрајната болка е знак за прекумерно тренирање и не треба да ја игнорирате. Ако претерате, намалете го интензитетот додека не закрепнете. Ако имате повреда или сериозно ограничен опсег на движење, можеби е најдобро целосно да го прекинете тренингот.

По пауза од вежбање, важно е постепено да се вратите за да го намалите ризикот од повторна повреда, заклучи Дафин.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Фит

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more

Најдоброто време од денот за вежбање: Го намалува ризикот од рана смрт за 61%

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе