Знаци кои покажуваат дека вашиот партнер не е заинтересиран за брак

Можеби трагате по знаци кои ќе откријат дека вашиот партнер е подготвен за брак, заедничко живеење или дека е барем сигурен во вашата врска, но понекогаш тоа трагање е бескорисно. Ако вашите животни планови целосно се разликуваат, меѓусебната љубов нема да биде доволна за врската да преживее.

Тој не сака деца, а вие веќе сте смислиле имиња за нив? Со години сте во врска, а не сте ја спомнале можноста заедно да живеете? Ова се дел од сигналите кои можат да ви откријат што точно очекува партнерот од вас во иднина.

„Ако вам ви е важен бракот, тогаш за тоа треба да разговарате уште на почетокот на врската. Нема смисла да се губат време, чувства и енергија на некој кој не споделува таква важна цел“, вели љубовниот советник Џонатан Бенет.

Еве неколку знаци кои јасно говорат дека вашиот партнер не сака брак:

1. Никогаш не ве претставува како девојка или партнерка, туку исклучиво по име

 Тоа може да биде знак дека не е подготвен за посветена и долга врска.

2. Никогаш не ве кани на семејни собири

На почетокот на една врска тоа е нормално, но кога ќе дојде време да се појавувате како пар не е баш пријатно. Венчавките, родендените и другите семејни прослави се идеални за дружење со неговото семејство, а истовремено ќе избегнете непријатни ситуации.

Проблем е ако вас никогаш не ве вика на нив. Ако тоа ви смета дадете му до знаење дека сакате да ги запознаете луѓето кои му се битни во животот.

3. Воопшто не спомнува заеднички живот

И двајцата сте вработени и самостојни, но по неколку години врска и двајца живеете во одвоени станови. Ова може да биде знак дека партнерот не е подготвен на сериозна врска или брак, а можно е да станува збор за недостаток на комуникација. Вашиот партнер не може да ви ги чита мислите, па најдобро е да разговарате на оваа тема.

4. Пропуштил многу шанси за да ве побара за жена

Знае дека мечтаете за брак, со години сте заедно, одите на годишни одмори, славите заедно родендени, годишници,празници и други важни датуми, но и понатаму нема прстен за вас. Објаснете му дека сте подготвени на тој чекор, како и да е, свршувачката не мора да биде изненадување.

5. Ги исмејува венчавките и бракот

Не мора на сите да им се допадне идејата за традиционално венчавање или брак, но негативниот поглед на овие работи е јасен знак дека таа личност нема да стави прстен на вашата рака.

реклама

Љубов и секс

Пет грешки во сексот поради кои изгледате како почетник

Read more

Како мастурбацијата влијае на здравјето?

Read more

Пет работи што мажот ги прави за време на секс, а кои покажуваат дека те сака

Read more

Колку би требало да трае сексуалниот однос?

Read more

Магазин

Психопатите и нарцисоидните луѓе почесто не ги почитуваат мерките за заштита од COVID-19

Читај повеќе

Лилјана, Христијан и Емри се пациентите кои добија нов бубрег

Читај повеќе
  • play_arrow

Идеја за ручек: Тестенини со лосос по рецепт на Џејми Оливер

Читај повеќе
  • filter

Конор Мекгрегор ја запроси Ди по 12 години врска

Читај повеќе

Објавен првиот Водич за справување со невролошки заболувања во услови на COVID-19

Читај повеќе
  • play_arrow

Направете сами: Здрави летни коктели за разладување

Читај повеќе
  • play_arrow

10 вежби за слабеење кои секој може да ги прави дома

Читај повеќе

„Татко ми без размислување го даруваше неговиот бубрег за да го спаси мојот живот“

Читај повеќе

КОВИД умор: Дали и вам ви е смачено од пандемијата?

Читај повеќе