Знаци кои укажуваат дека сте подготвени за нова врска

Повеќето луѓе веруваат дека новата врска ќе ги излечи од болното раскинување, дека ќе ги поштеди од осаменоста која ги плаши. Но, психолозите велат дека не е паметно да се влегува во нова врска само затоа што не можеме да го пребродиме раскинувањето бидејќи таа врска, во поголем број случаи, е судена на пропаст.

Наместо тоа, треба да си дадете време за да преболите и да почекате, да бидете доволно подготвени за новата љубов. Еве како ќе го препознаете тоа:

1. Размислувањето за минатото не предизвикува негативни емоции

Во вас повеќе нема тага, ниту бес. Се присетувате само на среќните моменти и сфаќате дека таа љубов била убава додека траела. Не сте повеќе огорчени, не чувствувате дека целата работа била промашување. Тоа значи дека спремни да тргнете понатаму во животот и да се фокусирате на иднината, без да носите товар од минатото.

2. Не се плашите од осаменост

Сè додека очајнички посакувате да бидете со било кој, само затоа што не можете да поднесете да бидете сами, е поздраво и подобро да не влегувате во нова врска.

3. Подготвени сте да бидете сакани, но и да сакате

Од оној момент кога повеќе нема да копнеете по внимание и љубов, туку ќе сфатите дека сакате некого да прегрнете и да се грижите за него, тоа значи дека сте закрепнале и дека новата љубов е добредојдена во вашиот живот.

4. Немате повеќе чувство дека сите имаат некого, освен вие

Кога повторно ќе бидете во состојба да се радувате на туѓата среќа, кога нема да се растажувате кога ќе погледнете некој среќен пар како чекори покрај вас, подготвени сте. Подготвени сте повторно да бидете со некого.

5. Научивте да кажете „не“

Кога ќе минете некое време во самотија подобро ќе се запознаете себеси и сопствените граници. Така, следниот пат полесно ќе ја препознаете личноста со која би можеле да бидете среќни, бидејќи ќе знаете до каде сте подготвени да одите со компромисот.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Љубов и секс

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Read more
 

Магазин

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе