Знаци што покажуваат дека бившиот уште ве нема преболено

Раскинувањата никогаш не се лесни, ни за оној кој остава, ни за оној кој е оставен. Уште потешко е кога и двајцата сте решиле да се разделите, а уште имате чувства еден за друг.

Иако повеќето раскинувања се конечни и до тој чекор треба да дојдете со внимателно размислување, понекогаш временската и просторната дистанца е токму она што ни е потребно за да сфатиме што сме имале и то сме изгубиле.

Ако ги препознавате повеќето од овие знаци и однесувања кај бившиот, тоа значи дека уште ве нема преболено и најверојатно сака пак да бидете заедно. Сепак, најдобро би знаеле ако искрено разговарате со него.

Ви го честита роденденот

Само што поминало полноќ и е датумот на вашиот роденден, една од првите пораки со честитки е од него. И тоа не обично „Среќен роденден“ на Facebook, туку лична, длабока и долга порака во која точно знае што да ви посака, бидејќи толку добро ве познава.

Ви праќа покани за журките што ги организира

Ова е вистински знак дека уште сака да го привлече вашето внимание. Оние понезрелите можеби ќе ја злоупотребат приликата да предизвикаат љубомора, но ако ве вика на журките што ги прави тој, сака да ви покаже дека не пати, ама сака да ве види.

Сака да ви покаже дека се сменил

Ако секоја прилика кога ќе се видите или чуете ја користи да ви покаже дека се сменил на подобро, тоа значи дека сака да ви докаже дека е вреден за вашето внимание и време, особено ако една од причините поради кои сте раскинале била неговата незрелост или неподготвеност на големи чекори.

Прашува за вас

Ова е малку очигледен, но сепак многу потребен знак дека му недостигате и ве нема преболено. Луѓето кои ги прашува за вас се ваши блиски луѓе и тие добро знаат да проценат дали само сака да знае дали сте продолжиле понатаму или навистина е заинтересиран како ви е.

Шифрирани сигнали

Еден „посуптилен“ знак дека уште му недостигате е објавувањето песни, цитати или фотографии што очигледно потсетуваат на времето што сте го поминале заедно и имаат врска со вас. Можеби и не сфаќа дека очигледен, но ако и вие го забележувате тоа, тоа е знак дека можеби и кај вас уште тлее љубовта.

реклама

Мухамед Зекири со сопругата и ќерката се хоспитализирани со COVID-19

Read more

90 проценти од новозаболените во Скопје потекнуваат од 15 фамилии

Read more

Целосен викенд карантин за Скопје, Штип, Куманово и Тетово, делумен за остатокот од земјата

Read more

Објавено уште едно видео од бруталното однесување на полицијата кон Џорџ Флојд

Read more

Љубов и секс

За што лажат мажите кога станува збор за сексот?

Read more

Британскиот парламент забранува секс со лице од друго семејство и надвор од домот

Read more

Пет работи кои треба да ги знаете доколку сте вљубени во Водолија

Read more

За што лажат жените кога станува збор за сексот?

Read more

Магазин

СЗО: Возете велосипед, здраво е

Читај повеќе

Сопругата на Дерек Шовен бара да си го смени презимето во разводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Каролина Куркова ги споделува домашните рецепти за убавина

Читај повеќе

Светот пред 250 милиони години

Читај повеќе

Кога и како се прогласува крај на пандемија?

Читај повеќе

Лекот ибупрофен се тестира како терапија за COVID-19

Читај повеќе

За што лажат мажите кога станува збор за сексот?

Читај повеќе

Што другите луѓе мислат за вас според вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Што се знае за полицаецот кој го уби Џорџ Флојд?

Читај повеќе