Љубов и секс

Знаци што покажуваат дека партнерот веќе не ве привлекува сексуално

29. ноември 2019 - 15:14 | А.С.

Двојките кои имаат редовен и добар сексуален живот поретко се расправаат од оние кои поретко имаат заеднички интимни моменти или не уживаат во нив.

Сексот не е најважниот елемент на една врска, но секако е важен. Недостигот на секс, но и немањето желба или неуживањето во сексот со партнерот може да укажуваат на многу подлабоки проблеми меѓу вас и партнерот.

Овие знаци укажуваат дека партнерот веќе не ве привлекува сексуално и време е за сериозен разговор и носење на дефинитивни одлуки.

Секогаш наоѓате изговори

Кога сте незадоволни од сексуалниот живот или не сакате да имате секс со партнерот, почнувате несвесно да го одбегнувате – не легнувате во исто време со партнерот, ги преувеличувате тегобите или лажете дека ве боли нешто, си наоѓате обврски кога партнерот е слободен или покажува дека е расположен за секс.

Фантазирате за други

Сексуалните фантазии се сосема здрави, но ако секогаш за време на сексот мислите на некој друг, без разлика дали е реален потенцијален партнер или не, тоа укажува дека ви е потребно нешто друго да ве возбуди наместо партнерот.

Сексот го доживувате како обврска

И оние ретки интимни моменти со партнерот за вас се дел од списокот на обврски. Не сакате да почне, одвај чекате да заврши. Сексот треба да биде уживање, а вие добро го знаете тоа.

Ако помислата дека ќе имате секс со партнерот не ве возбудува и радува, тоа е знак дека сте се „оладиле“ кон него и сте станале рамнодушни.

Коментирај