Знаете ли кои држави имаат најмалку жители?

Не е тешко да се претспостави дека станува збор за држави со навистина мала територија, но меѓу нив има и една со најголема густина на население на светот.

Тувалу одозгора

Многу земји ширум светот своето население го мерат во милиони, некои дури и во милијарди. Сепак, постојат држави чиј број на жители одговара на мал или средно голем град. Овие земји најчесто се територијално мали, што ги условува со мал простор на кој луѓето можат да живеат и да работат. Поради недостатокот од простор и ресурси, можноста да овие држави генерираат богатство и да просперираат се ограничени. Според податоците на World Atlas, ова се десетте држави во светот со најмало население:

Ватикан

Град-државата Ватикан, седиште на католичката црква, со своите 825 жители и површина од 0,49 км² е најмалата населена држава на светот. Најголемиот дел од населението го сочинуваат свештеници и монахини од сите краишта на светот. Ватикан се наѓа во срцето на градот Рим, престолнината на Италија. Иако е мала држава, Ватикан е многу богат. Ватиканската банка располага со средства од 8 милијарди американски долари. Туризмот е значаен извор на приход, а бројот на посетители тројно се зголеми откако за папа беше избран Франциск, нормално, ако не го земаме предвид периодот на пандемијата.

Ватикан
Тувалу

Втората најслабо населена држава во светот е Тували, зафрлен остров во јужниот дел на Пацификот. Тувалу е мал архипелаг во регионот Полинезија, оддалечен 1.000 километри северно од Фиџи и 2.000 километри источно од Соломоните. На површина од 26 км² живеат 11.650 жители. Населението на оваа држава се намалува поради порастот на нивото на светскиот океан, процес кој го загрозува опстанокот на нацијата.

The referenced media source is missing and needs to be re-embedded.
Науру

Уште една мала островска држава во Тихиот Океан е Науру со 12.850 жители. Површината од 12,9 км² ја прави најмалата островска држава на светот. Некогаш Науру имал најголем БДП по глава на жител на светот благодарение на богатите наоѓалишта на фосфат. Денес повеќе нема фосфат, а БДП на Науру сега е најнизок на светот. Науру е загрозен поради последиците од претераните рудни активности и климатските промени. Обесноста е уште еден голем проблем на оваа нација која ги погодува дури 71,1% од населението и со тоа го прави најдебел народ на светот.

Аеродромот во Науру
Палау

Во јужниот Пацифик се наоѓа уште една мала и слабо населена држава. Палау е составен од 250 острови, источно од Флипините, со вкупна површина од 395 км². Населението на Палау брои само 18.100 луѓе, иако површината на државата е значително поголема од таа на Науру и Тувалу.

Палау
Сан Марино

Во североисточниот дел на Италија, во близина на Јадранското Море, се наоѓа еклавата Сан Марино. Се рачуна за најстарата република на светот која постои уште од времето кога градовите-држави биле чести во Европа. На површина од 61,2 км² живеат 33.860 жители. Пред пандемијата, три милиони туристи годишно го посетуваа Сан Марино.

Сан Марино
Лихтенштајн

Стиснато помеѓу Швајцарија и Австрија, на површина од 99,87 км², Кнежевството Лихтенштајн е дом на 38.020 жители. За разлика од Сан Марино, Лихтенштајн е најслабо посетената држава во Европа. И покрај малубројното население и скромната територија, Лихтенштајн е доста богата земја со БДП по глава на жител втор највисок на светот.

Лихтенштајн
Монако

Кнежевството Монако се наоѓа на брегот на Средоземното Море и се граничи само со Франција. Површината му е 1,21 км² и тука живеат 38.960 жители. Оваа пропорција го прави Монако најгусто населена земја во светот со 26,337 жители на 1 км². Милионери се дури 32% од населението, што го прави и многу богата земја.

Монако
Свети Кристофер и Невис

Во источниот дел на Карипското Море се наоѓа држава која ја сочинуваат два острова со 261 км², чии имиња го даваат и името на државата - Свети Кристофер и Невис, или скратено Свети Китс и Невис. Бројот на жители изнесува 52.830, но бројот на туристи која на годишно ниво ја посетуваат е огромен. На преубавите плажи од овие острови во 2019 година биле скоро 1,2 милиони туристи. Токму туризмот е најзначајната гранка од економијата на оваа земја.

Свети Кристофер и Невис
Маршалски Острови

Оваа држава која ја сочинува архипелаг од 29 атоли и 5 индивидуални острови се наѓа во регионот Микронезија. Маршалските Острови имаат вкупна површина од 1.942.491 км², од кои копнената површина зафаќа само 181 км². Најголемиот град е и престолнина, Маџуро, со 25 илјади жители, додека целата држава брои 58.790.

Маршалски Острови
Доминика

Не смеете да ги мешате Доминикана и Доминика. Првата е позната и како Доминиканска Република, додека втората е мала островска земја од 750 км² во источниот дел на Карибите. Составена е од еден остров на кој живеат 71.810 жители, од кои 3 илјади се припадници на домородниот народ Кариб. Оваа заедница е единствена домородна популација која преживеала на Источните Кариби.

Доминика

Сите држави со мал број на налесение се соочуваат со слични проблеми. Островските држави од Тихиот Океан се витално загрозени поради порастот на нивото на океаните, а заедничка особина на сите мали држави е недостатокот од природни ресурси. Поради тоа мораат да наоѓаат други начини за остварување приход и градење на цврста економија. Некои од нив се поуспешни од другите, како Монако и Лихтенштајн кои и се меѓу најбогатите на светот. Тие ни покажуваат дека големината на територијата и бројноста на населението не се неопходни услови за просперитет.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Живот

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Зошто често се чувствувате уморни во текот на денот?

Read more

Стјуардеса откри како ги „казнуваат“ патниците кои не сакаат да го отстапат седиштето на дете

Read more

Кој ќе ги наследи милионите на модната легенда Роберто Кавали?

Read more
 

Магазин

Taste Atlas објави листа на најдобрите сирења во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Читај повеќе

8 секојдневни намирници што помагаат да се подобри здравјето

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа животот во државата која официјално не постои?

Читај повеќе

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Читај повеќе

Едноставна промена на животниот стил може да го намали крвниот притисок

Читај повеќе

Зошто често се чувствувате уморни во текот на денот?

Читај повеќе

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Читај повеќе

Стјуардеса откри како ги „казнуваат“ патниците кои не сакаат да го отстапат седиштето на дете

Читај повеќе