Знаете ли за што размислуваат мажите во текот на сексот?

Сешто се случува во машките глави, особено кога се работи за сексот.

Стереотипното мислење дека само жените се загрижени поради несигурноста не е сосема точно, бидејќи и мажите не се имуни на страв. Дури и најголемите заводници, па и најдобрите љубовници, понекогаш можат да потклекнат пред несигурноста и тоа поради најразлични причини.

Ова се некои од нив:

Тежината

Ни на мажите не им е сеедно како изгледаат, особено кога ќе се разголат. Дали таа ќе ги забележи неговите мускули, дали пивото е виновно за неговото стомаче? Ваквите и слични дилеми додаваат дополнителен психолошки притисок кој може да влијае во перформансите.

Дали ми е доволно тврд?

Нема ништо полошо ако неговиот „мал“ пријател откаже соработка. Поради тоа најчестите машки размислувања се насочени токму кон половиот орган.

Дали ми е доволно голем?

Вечното прашање и грижа на секој маж. Големината е можеби битна, а можеби и не, но техниката е најбитна. Пенисот никогаш не е доволно голем, ниту доволно добар, секогаш може да биде побрз, поголем и подобар, и во овој случај голема улога има партнерката па дури и најмалиот гест на пофалба може да биде најголема помош.

Што да правам со рацете?

Ова е едно од најчестите грижи на мажите во текот на сексот, бидејќи се грижат дека ќе испаднат несмасни. Има многу опции што да правите со рацете, но најважно е да одржувате рамнотежа. За среќа, оваа дилема брзо ја забораваат кога ќе се опуштат со партнерката.

Дали сум добар?

Секој маж за себе сака да тврди дека е добар љубовник, но ете понекогаш се прашуваат дали навистина се добри додека имаат секс.

Дали прерано ќе свршам?

Прераното свршување е меѓу најчестата машка дилема, воедно и најголемиот машки страв. По сексот веднаш почнуваат да се прашуваат дали сексуалниот чин прерано завршил, дали ја задоволиле партнерката и слично.

Овие преиспитувања и проверки може да бидат добри ако сакате да не потфрлите во сексуалниот живот. И сосема најнормално е да се грижите за себе и за партнерката, бидејќи сексот е токму тоа, врвно обострано задоволство.

реклама

Знаете ли што претставува малата дупка што се наоѓа во речиси секој мијалник?

Read more

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Read more

Љубов и секс

Знаци дека сте во брак со токсична личност

Read more

OnlyFans ѕвезда споделува зошто младите од Ген Z немаат доволно секс

Read more

Иста плејлиста, подобра врска

Read more

Хороскопски двојки кои постојано се враќаат заедно, дури и кога не треба

Read more

Магазин

Знаете ли што претставува малата дупка што се наоѓа во речиси секој мијалник?

Читај повеќе

Кои компири се најдобри за пире и зошто треба да се варат нелупени?

Читај повеќе

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Читај повеќе

Што (НЕ) треба да правите за време на ретрограден Меркур?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мистеријата на кучињата од Чернобил: Има докази за забрзана природна селекција

Читај повеќе

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Читај повеќе

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Читај повеќе

Дали носењето градник додека спиете го спречува опуштањето на градите?

Читај повеќе

3 хороскопски знаци ќе почувствуваат големо финансиско олеснување од 6 ноември

Читај повеќе