Живот

Знаете ли зошто бебињата плачат во авион и како да им помогнете?

25. март 2020 - 12:44 | М.С.

Мора да признаете дека патување во авион со бебе кое плаче не е баш пријатно искуство.

Постојат многу причини зошто бебињата плачат во авион. Чувството на глад, непријатност, умор, здодевност, бес и болка може да предизвикаат бебето да заплаче.

Едноставното објаснување е дека бебињата и малите деца не можат да го поднесат атмосферскиот притисок кој се создава кога авионот лета високо на небото.

Една од главните причини зошто бебињата плачат во авион е затоа што немаат развиено изедначување на притисок во средното уво.

Еустахиева цевка, односно врската меѓу средното уво и грлото го контролира притисокот во средното уво и се отвара само кога се прозевате, голтате или џвакате, а ова му допушта на притисокот да помине низ средното уво и назофаринкс.

Кога ќе се промени атмосферскиот притисок, доаѓа до ненадејни промени и блокади во ушите. Повеќето возрасни луѓе се прозеваат за да ја отворат цевката и да го изедначат притисокот во средното уво, пишува Live Science.

Овој притисок е особено проблематичен кога авионот слетува бидејќи  притисокот се изедначува многу потешко кога од високиот атмосферски притисок влегувате во релативно низок притисок.

Постои начин да го смирите вашето бебе

Постои начин да му помогнете на бебето да го помине летот без да плаче. Доколку вашето бебе е будно, најдобро би била да му дадете млеко, цуцла. Доколку вашето бебе има инфекција на горниот респираторен систем не треба да лета во авион.

Оваа болка кај бебињата е привремена, не предизвикува трајни проблеми и поминува по неколку минути кога ќе се отвори Еустахиева цевка и ќе се изедначи притисокот од двете страни во увото.

Коментирај