ЗНМ: Да се повлече обвинението против Кежаровски

Скопје, 20 мај 2019 (МИА) – Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска на прес-конференција побара од Основното јавно обвинителство да го повлече, а од Кривичниот суд да го отфрли обвинението против новинарот Томислав Кежаровски.

Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски соопшти дека утрово ја разгледале одлуката на Врховниот суд за предметот на Кежаровски и едногласно одлучиле дека ЗНМ до крај ќе инсистира на правичност на Судот и Обвинителството во постапувањето по овој слоучај се додека Кежаровски не биде ослободен од обвинението.

-Изминатите неколку години ЗНМ континуирано даваше поддршка на Кежаровски и тој став принципиелно ќе го браниме се додека не биде задоволена правдата. Затоа бараме ОЈО да го повлече обвинението против колегата Кежаровски, кој беше неправедно обвинет, а потоа и осуден. Со еден ваков потег ОЈО ќе покаже дека конечно одлучува независно и непристрасно во интерес на правдата, рече Чадиковски.

Со оглед на тоа дека Врховниот суд го врати предметот на повторно одлучување, ЗНМ го повикува и Кривичниот суд во Скопје да го отфрли обвинението и со тоа  да покаже дека во државата слободата на говорот е загарантирана како основно човеково право.

Според Чадиковски, ова претставува одлична можност за ОЈО и Кривичниот суд да демонстрираат правичност и конечно,како што рече, да стават крај на еден долг и неправеден предмет што се води против новинарот и доскорешен заменик претседател на ЗНМ,Томислав Кежаровски.

Кежаровски беше обвинет за откривање идентитет на заштитен сведок, меѓутоа јавноста знае дека тој во своите написи не го откри идентитетот, а потоа во постапката се покажа дека заштитниот сведок бил лажен. Со ова, како што рече, Чадиковски е очигледно дека неговиот предмет беше монтиран со цел да биде згасната неговата критика.

Кежаровски изрази благодарност за досегашната поддршка што ја добивал од ЗНМ, од почнувањето на процесот па до денес.

-Со адвокатот Филип Медарски очекуваме во овој случај фер судење на кое ќе можеме докрај да ги истакнеме сите наши докази дека за тоа не го сторив делото за кое бев обвинет и осуден, посочи Кежаровски. 

реклама

Македонија

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Read more

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Read more

Пендаровски: Анализите ќе покажат дали граѓаните ме казнија мене поради СДСМ

Read more

Османи: Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава

Read more
 

Вести

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе

Пендаровски: Анализите ќе покажат дали граѓаните ме казнија мене поради СДСМ

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава

Читај повеќе

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Читај повеќе

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе