ЗОИ 2018: Бакнеж повреден од олимписки медал

Американскиот олимпиец Гас Кенворти ги освои насловните страници на Олимпијадата во Пјонгчанг, не поради освоен медал или лош пад, туку поради бакнеж со дечкото.

Бакнежот на Кенворти со дечко му Метју Вилкас беше пренесен во живо и раширен на социјалните мрежи и стана инстант сензација и гордост на ЛГБТ заедницата.

Американскиот скијач изјави дека лавината поитивни реакции што ги добил се одлична компензација за неговиот лош настап во финалето.

„Ова беше олимпиското искуство на кое се надевав“, рече Кенворти за CNN. „Си заминувам поисполнет без медал отколку на минатите ОИ кога освоив медал.“

Кенворти освои сребрен медал во дисциплината slopestyle во Сочи 2014, но тогаш не беше отворено геј.

Тој јавно се изјасни како геј наредната година и стана спортска геј икона. Во 2017 година му беше доделена наградата Visibility Award на групата за заштита на правата на ЛГБТ заедницата Human Rights Campaign.

Во Пјонгчанг Кенворти се натпреваруваше со скршен палец и сериозен хематом на колкот.

Заврши 12-ти, додека сонародникот Ник Гепер зеде сребрен медал.

Меѓутоа, Кенворти не гледа на олимпиското искуство само од спортски аспект.

„На оваа Олимпијада сум отворено геј. Јас сум јас. Јавно се изјаснив, можам да го доживеам ова како она што сум“, рече тој.

На Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг има вкупно 15 јавно изјаснети ЛГБТ спортисти, што е рекорден број за Зимска олимпијада, според SB Nation Outsports. Во Сочи имаше само седум.

Оваа бројка сепак е далеку зад 56-те ЛГБТ спортисти на Летната олимпијада во Рио 2016.

реклама

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе