„Zombieland 2“ пристигнува во 2019 со истата актерска екипа

На изненадување на многу филмски љубители, денеска беше најавено дека култната хорор-комедија „Zombieland“ ќе добие продолжение во 2019 година, и тоа со истата актерска екипа од првиот дел.

На крилја на успехот на нивниот последен проект „Deadpool 2“, сценаристите Рет Рис и Пол Верник најавија дека продолжението на „Zombieland“ ќе пристигне во киносалите некаде кон крајот на наредната година.

Џеси Ајзенберг, Ема Стоун, Абигејл Бреслин и Вуди Харелсон ќе се вратат во „Zombieland 2“, каде повторно ќе се борат со опасностите кои ги носи зомби апокалипсата во САД. Оригиналниот филм беше огромен хит и со продукциски буџет од само 23,6 милиони долари успеа да заработи преку 100 милиони долари на светскиот боксофис.

Во очи на десетгодишнината од филмот, најавено беше дека неговото продолжение ќе почне да се снима на почетокот на наредната година.

„Имаме информација која не можеме сега да ја откриеме, но знајте дека на оние кои се надеваа дека ќе имаат шанса да го гледаат ‘Zombieland 2’ желбата ќе им биде исполнета набрзо“, рече Пол Верник.

„Zombieland“ стана култен кај фановите на хорор-комедии поради остриот и мудар хумор, но и покрај топлата приказна за четворица аутсајдери кои пробуваат да се снајдат заедно во свет во кој и не е многу останато.

реклама

Филм & ТВ

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Read more
 

Сцена

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе