Zoom почна да тестира прикажување реклами

Корисниците кои ја користат апликацијата Zoom почнаа да забележуваат појава на реклами.

Zoom започна пробен период на прикажување реклами на корисниците кои бесплатно ги користат неговите услуги. Рекламите се прикажуваат во прелистувачот по завршувањето на разговорот и се видливи по разговорот чиј домаќин е друг Basic корисник. Тестирањето за рекламирање е ограничено на одредени земји.

Компанијата ја промени својата политика за приватност за да биде компатибилна со новитетот. Zoom нема да користи содржини од состаноци, вебинари и разговори за маркетинг, промоција и рекламирање од трета страна.

Рекламните партнери би можеле да користат колачиња за да ја следат активноста на корисниците на веб-страницата на Zoom, но тие можат да бидат блокирани преку алатката за управување со колачиња на Zoom.

Zoom очекува рекламната програма „да му овозможи да поддржува инвестиции и да продолжи да им обезбедува на бесплатните Basic корисници пристап до робусна платформа“.

Basic корисници можат да учествуваат на неограничен број состаноци, но се ограничени на 30 минути повици еден на еден и 40 минути групни состаноци. Исто така, тие немаат никаква cloud услуга за складирање на снимки од состаноци или пристап до опции како што се транскрипти.

Zoom стана клучна алатка за милиони корисници откако почна масовно да се работи од дома поради пандемијата на коронавирусот. Многумина го избраа бесплатниот план бидејќи нуди солидни карактеристики.

Затоа, не треба да е чудно што Zoom сега почна да се врти кон реклами, кои барем засега не се наметливи и ја почитуваат приватноста на корисниците.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на кориснициte

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе