Зорица Заева: Местото на жената не е во кујната

Алкохолизмот главна причина за семејно насилство во Струмица, а според статистиката жртви се жените, истакнаа денеска од Организацијата на жени, организатори на дебатата „Заедно против насилството врз жените.“

„Во 2015 година имавме најголем број изречени привремени мерки од семејно насилство на луѓе кои злоупотребуваат алкохол, на кои, согласно законските прописи подлежат на задолжително лекување од алкохолизам во институција од затворен тип, обично тоа е Психијатриската болница Негорци. Бројките за 2017 не се сумирани, но во 2016 година имавме поднесено 40 кривични пријави за семејно насилство и сите извршители беа мажи“, рече Нетка Ковачева, адвокат и дел од Организацијата на жени.

Македонија се подготвува за ратификација на Истанбулската конвенција за заштита од родово базирано насилство, рече министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

„Очекувам во рамките на овие ‘16 дена активизам против родово базирано насилство’ како дел од глобалната кампања на ООН, Владата да го донесе Законот за ратификација на Истанбулската конвенција и да ја достави до Собранието каде сметам дека едногласно ќе биде изгласана. Со неа, ќе имаме обврска да имаме координиран систем помеѓу сите институции за одговор на родово базирано насилство“, рече Царовска.

Додаде дека во Македонија постојат четири шелтер центри за жртви на семејно насилство и дека Министерството работи на отворање на првиот шелтер центар за жртви на сексуално насилство.

„Во Македонија има Програма за работа со насилниците, но се спроведува само во Скопје. Потребен е кадар и се насочуваме кон тоа на цела територија на Македонија da припремиме психотерапевти кои ќе работат со насилниците. Другото е лесно, една просторија и два психотерапевти. За жал во последниве 11 години не се работело на создавање соодветен кадар и низ цела Македонија“, додаде Царовска.

Покровител на дебатата, што ја организира Организацијата на жени од Струмица, е сопругата на претседателот на Владата на РМ, Зорица Заева.

„Чест ми е што сум овде и што отвораме тема за која мора да сме гласни и одлучни кога зборуваме. Не смее да постои толеранција за насилство. Местото на жената не е во кујната. Не постои во овој свет место на жените или место на мажите. Сите сме еднакви. Не постојат права на жени, туку човекови права и овде сите сме еднакви“, рече Заева.

Дебатата се организира со цел преку заедничко дејствување да дојде до намалување или целосно елиминирање на родово базираното насилство. 

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе