Тренерот на украинскиот фудбалски клуб Шахтјор, Пауло Фонеска, вети дека ќе се маскира во Зоро ако неговиот тим се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Сега можеме да кажеме дека Фонеска е човек од збор.
Шахтјор синоќа успеа да го совлада Манчестер Сити на домашен терен со резултат од 2:1, а тоа покрај поминување во следната фаза од најелитното европско натпреварување, значеше и дека Фонеска мора да го исполни ветувањето и да се облече како Зоро.
„Ова е најубавата пресконференција во мојата кариера. Се чувствувам фантастично. Не мислам дека се среќни само навивачите на Шахтјор, туку и сите Украинци“, рече гордиот Фонеска.
Покрај насмевката на своето лице, Фонеска носеше и црна маска и шешир, кои едноставно ги воодушевија сите присутни на несекојдневната конференција.