Зошто Американците не го сакаа легендарното „југо“?

По македонските улици и ден-денес може да се видат „југовци“ во најразлична, но сепак возна состојба – од реставрирани, модифицирани до оние во оригинално издание.

Zastava Yugo ужива голема популарност во Македонија, уште од првиот момент кога се појави на пазарот. Моделите Koral 45 и Koral 55 се едни од најчестите автомобили на македонските улици, но тоа не значи дека се работи за исклучително квалитетно возило. Светските пазари го одбија овој автомобил уште многу одамна.

Иако на сите им е познат како „југо“, овој автомобил на почетокот ја носел ознаката Zastava 102, а тоа име било користено и во првите текстови за ова возило во домашните медиуми.

Можеби звучи логично дека името „југо“ доаѓа од Југославија, но Џејсон Вујиќ во неговата книга „The Yugo – The Rise and Fall of the Worst Car in History“ пишува дека автомобилот го добил името по истоимениот ветер.

Праксата да се ставаат имиња по називи на познати светски ветрови била во тренд во тоа време, па на пример Volkswagen во тој период ги произведе Passat, Scirocco, Jetta...

Автомобилите произведени во Крагуевац некое време имале ознака „jugo“, а потоа името било сменето во „yugo“ за да биде моделот попривлечен за странски купувачи.

„Југо“ е дизајн на инженерите на FIAT и Zastavа во 1978 година во дизајнерскиот центар на FIAT во Торино.

Базирано е на фалениот FIAT 127, што беше прогласен за Автомобил на годината во Европа во 1972 година. Сепак „југо“ имаше нешто поркратко меѓуосовинско растојание, како и потполно различен дизајн на надворешноста.

Сериското производство на „југо“ почна на 28 ноември, 1980 година. Овој датум бил избран за може првиот примерок да биде готов на 29 ноември, датум на кој тогаш се одбележуваше големиот државен празник – Денот на републиката.

Yugo America

Еден од главните „виновници“ за носењето на моделот „југо“ на американскиот пазар бил бизнисменот Малколм Бриклин кој исто така во САД го има донесено јапонското Subaru (1968), а ќе остане запаметен и по неуспешниот спортски модел Bricklin SV-1 од средината на 70-тите.

Remote video URL

Некои американски политичари се противеле на увозот на автомобили од комунистичката Југославија и тврдеа дека поради исклучително ниската цена најверојатно се работи за дампинг.

Имало и обвинувања дека за производството на автомобилот Zastava користи „робовска работна сила“, што претседателот на Yugo America, Бил Прајор, духовито го демантираше со игра на зборови: „Не користат робовска сила (slave labor), туку словенска работна сила (Slav labor)".

Критичарите од „Потрошувачки информатор“ во САД во тоа време воопшто не биле благи во нивните мислења – не им се допаѓало ама баш ништо и како да заборавиле дека ова не само што е најмалиот автомобил што се продавал во земјата, туку и најевтиниот.

Некои имале замерки дека при кочење возачот има некакво „сунѓерасто чувство“, иако нагласиле дека сопирачките биле „исклучителни“.

Потоа коментирале дека надворешниот ретровизор е позициониран премногу назад, па така возачите не можат да го користат, што не е точно.

Замерувале и ооколу тоа како биле поставени безбедносните појаси и дека им пречеле на возачите со повисок раст. Исто така не им се допаѓало тоа што задните појаси тешко се местеле, а воланот бил претежок и заморувал при возење.

Неколку куриозитети за „нашето југо“

За кратко време, „југо“ станал омразен автомобил во САД, но се чини дека еден Американец сигурно го сакал.

Тоа бил амбасадорот на САД во тогашна Југославија Џон Даглас Скенлан, кого личниот шофер кон крајот на 80-тите го возел низ Белград во жолто „југо“ со американски знаменца на бандажите.

Еден од некогашните директори на Zastavа, Тома Савиќ, рекол дека двата протитипа за моделот „југо“ му биле подарени на Јосип Броз Тито, но не е познато што направил претседателот на Југославија со нив.

реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Авто новости

Сервисна акција на одредени Škoda возила

Read more

При која брзина автомобилот најмалку троши гориво?

Read more

Citroën ќе „оживее“ една од своите легенди

Read more

Се заострува спорот за платите во Volkswagen: Синдикатот се подготвува за тешка борба

Read more

Автомобили

Сервисна акција на одредени Škoda возила

Читај повеќе

При која брзина автомобилот најмалку троши гориво?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Citroën ќе „оживее“ една од своите легенди

Читај повеќе

Се заострува спорот за платите во Volkswagen: Синдикатот се подготвува за тешка борба

Читај повеќе
  • filter

Range Rover Sport „на струја“: Автономија до 600 км и 542 коњски сили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како се тестира издржливост на автомобилите во Индија?

Читај повеќе

Електричниот седан Jetta M6 во Кина чини 10.600 евра: Зошто сè е толку поскапо во Европа?

Читај повеќе

Дали знаете што значи „психологија на празен резервоар“?

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа во 2026 година?

Читај повеќе