Иако авијациските експерти тврдат дека седиштата што гледаат наназад би биле посигурни за патниците во авионите во случај на пад или удар, повеќето авиокомпании најверојатно никогаш нема да воведат такво нешто.
Многу истражувања спроведени досега покажале дека седиштата свртени обратно се многу посигурни од класичните што гледаат нанапред во авионот.
„Меѓутоа, трошоците за авиокомпаните би биле премногу високи за воведување на вакви измени. При удар, ваквото седиште би претрпело поголемо напрегање и поради тоа би требало да биде зајакнато, исто како и местото под седиштето, подот на авионот и опремата. Тоа автоматски би ја зголемило тежината на авионот и потрошувачката на гориво“, објаснува поранешниот пилот на Кралската воздухопловна служба на Велика Британија и инструктор за летање Дејвид Лермонт за FlightGlobal.com.
„Од безбедносна гледна точка делува како многу привлечна идеја, но дали можете да замислите нискобуџетните компании да го прифатат тоа?“, додава тој.