Зошто авионите не летаат преку Северниот и Јужниот Пол?

Можеби сметате дека во вака современи времиња, патувањата со авион се возможни на секоја локација во светот, меѓутоа тоа не е во целост вистина.

Изненадувачки, прошетка ширум светот преку Северниот кон Јужниот Пол, со авион, претставува подвиг кој е остварен само три пати.

Зошто е тоа така?

Одговорот е многу едноставен, бидејќи станува збор за многу долг пат.

Дури и со запирање поради дополнување на гориво, летањето преку неколку океани, Арктикот и Антарктикот бара големи авиони, кои за прв пат станаа достапни кон средината на шеесеттите години од минатиот век.

Покрај тоа, самите патници не се расположени да останат затворени во авион дури 54 часа.

Во 1977 година, Брајан Баум беше 18-годишен ентузијаст, кој ги потроши заштедените 2.222 долари, со цел да си купи карта за лет број 50 со авиокомпанијата Pan Am.

Баум знаеше дека овој лет ќе се запише во историјата, преку поставување на рекорд во брзина за летање од едниот до другиот пол. Единствениот лет почна од Сан Франциско, преку Северниот Пол и запре на својата следна станица во Лондон.

После дополнувањето на гориво, авионот застана во Јужна Африка. Следното прелетување беше преку Јужниот Пол, за потоа да направи пауза во Нов Зеланд, а потоа конечно да се врати во Сан Франциско, од каде и тргна.

Колку изнесуваше вкупното траење на овој историски лет? 54 часа, 7 минути и 12 секунди, а просечната брзина беше 784 километри на час.

„Ова беше единствена прилика да направам нешто за што никогаш не би имал прилика“, вели Баум, инаку поранешен портпарол за односи со јавноста во Музеј за авијација во Сиетел.

Потоа, се организираа уште неколку летови преку двата пола, но ова беше првиот кој им беше достапен и на „обичните граѓани“, со релативно „нормални“ цени на билетите.

„Најубава глетка беше Антарктикот. Неверојатен, мистериозен, замрзнат континент, едноставно ме заврза за прозорецот“, го раскажуваше Баум своето искуство.

Денеска, 41 година подоцна, оваа 50-часовна авантура и тоа како е во план на големите авиокомпании.

Така, компанијата The Polar Express, го планира својот прв ваков лет на 26 октомври, со тргнување од Њујорк со 150 патници. Рутата подразбира полетување од Њујорк до аеродром во Јужна Аргентина, а потоа ќе се лета преку Јужниот Пол и ќе се продолжи се до Перт во Австралија.

Следната дестинација ќе биде Пекинг, а откако патниците ќе одморат, следува Северниот Пол, па назад во Њујорк. За ова единствено искуство, билетот ќе изнесува 11.900 долари.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе