Зошто авионските мотори се толку големи?
Со текот на времето моторите на авионите стануваат сè поголеми и поголеми, но не затоа што авионите се поголеми. Airbus A350 е помал авион од Boeing 747, но има поголеми мотори. Зошто е тоа така?
YouTube каналот MinutePhysics ја открива физиката зад совршените големини на авионските мотори. Причините за создавање поголеми мотори е тоа што тие се поефикасни. Помалите мотори не се толку ефикасни, а идеалната големина е некаде на средина.