Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Повеќето возачи знаат дека треба да се тргнат кога поминува возило со ротационо светло,  но што да правите кога ќе видите возило со зелено трепкачко светло?

Ова може да ви се случи во Белгија, каде што започна нов пилот-проект на белгискиот сообраќаен институт Vias, кој им дава зелено светло на доброволните противпожарни бригади. Тоа треба да ја зголеми видливоста на таквите возила и да им овозможи на корисниците побрзо да стигнат до својата дестинација.

Во Белгија тие се нарекуваат „сервисни светла“, или „светла за пристапност“. Овде не се подразбираат светлата кои ја осветлуваат внатрешноста, туку светлата кои се наменети да ги информираат другите учесници дека се работи за пожарникар доброволец кој е на пат кон противпожарната станица од каде ќе оди на итна интервенција.

Пилот-проектот започна во април и ќе трае осум месеци. За тоа време ќе се мери времето потребно за постигнување на целта, односно влијанието на светлата врз можното скратување на времето на пристигнување на доброволците за гасење пожар.

Проектот опфаќа четири региони, а редоследот е дека првите четири месеци на возилата ќе им биде исклучено зеленото светло. Во текот на вторите четири месеци светлата ќе се активираат во возење. Тие ќе испитуваат дали доброволците пристигнуваат со своите автомобили со запалени светла побрзо до противпожарната станица, како се однесуваат другите учесници во сообраќајот со нив и дали доброволните пожарникари се чувствуваат безбедно додека возат со вклучени светла.

Белгија не е првата која се занимава со оваа идеја. Во Канада возилата на доброволните пожарникари веќе подолго време се опремени со зелено трепкачко светло, додека во одредени американски држави се користат сини светла. Сите возила со овие светла мора да возат во согласност со сообраќајните прописи додека се вклучени. Во Европа овие светла се користат во Велика Британија, а лекарите ги користат при итни интервенции.

Remote video URL
реклама

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Read more

Зошто папата не може да биде донатор на органи?

Read more

Авто новости

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Read more

Porsche 911 Spirit 70: Уникатно чувство на слобода

Read more

Tesla објави катастрофални финансиски резултати

Read more

Hyundai ќе ја намали потрошувачката на гориво со хибриден систем од следната генерација

Read more
 

Автомобили

  • filter

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Читај повеќе
  • filter

Porsche 911 Spirit 70: Уникатно чувство на слобода

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla објави катастрофални финансиски резултати

Читај повеќе

Hyundai ќе ја намали потрошувачката на гориво со хибриден систем од следната генерација

Читај повеќе

Tesla повторно го одложи доаѓањето на евтиниот модел

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Renault Emblème е составен од 50% рециклирани материјали

Читај повеќе

VW го зголемува производството на бензински и дизел мотори

Читај повеќе

Кога се фантомски дефекти, а кога навистина автомобилот има проблем?

Читај повеќе

Секое четврто продадено Porsche е „на струја“

Читај повеќе