Свет

Зошто би можело Трамп да остане на власт осум години?

13. октомври 2017 - 10:28 | А.С.

Поранешниот американски амбасадор во Србија Камерон Мантер е убеден дека Доналд Трамп не само што ќе го одработи овој претседателски мандат, туку ќе остане на чело на САД осум години. Тој вели дека Трамп е многу добар во манипулирање на современите средства за комуникација.

Мантер, сега директор на Институтот Исток-Запад, на панелот „Анализа на ‘меката моќ’: Алтернативни факти за пост-вистинита реалност“ на Форумот за бебедност 2017 во Белград, го изрази ова мислење по анализата на промените  во американското општество во изминативе години.

Според него, политичката елита изгубила авторитет и некој кој бил учесник во реално шоу наместо да биде предмет на љубопитство, стана легитимна политичка фигура, а луѓето му дадоа доверба.

„Оние кои мислат дека е луд или смешен, се лажат. Тој е многу практичен и добар во манипулирање на современите средства за комуникација“, вели Мантер.

Трамп така успева да допре до гласачите, обичните луѓе кои расудуваат врз основа на нивните емоции и не сакаат да бидат збунети со „факти“, вели Мантер кој беше амбасадот на САД во Белград.

„Затоа, моето предвидување е: Трамп, осум години“, рече тој.

Учесниците на панелот е сложија дека во повеќето предизборни кампањи сѐ поприсутно е релативиирањето на вистината, а не само лажните вести.

Коментирај