Зошто биткоинот е штетен за планетата?

Биткоин е платежен систем што се појави во 2009 година како програма со отворен код. Биткоинот е глобален децентрализиран електронски протокол и систем за директно (peer-to-peer, P2P) плаќање.

Ова е дигитална валута, уште се нарекува и виртуелна валута, електронски пари или криптовалута поради криптографијата која се користи при создавањето и трансферот. Најчесто, во англискиот јазик, кога се користи голема буква во името (Биткоин), се мисли на технологијата и мрежата, додека кога се користи со мала буква (биткоин) се однесува на дигиталната валута. Биткоинскиот систем не е контролиран од ниту еден ентитет, како на пример централна банка, поради што најчесто се нарекува децентрализирана валута.

Биткоините се создаваат преку процес кој се нарекува „рударење“ - користење на сметачката моќ на мрежата за верификација и запис на плаќањата јавно онлајн, во размена за провизија при трансакции и новосоздадени биткоини. Корисниците испраќаат и примаат биткоини преку програмски прилог наречен паричник, кој може да се користи на компјутер, мобилен уред или други уреди. Биткоини можат да се стекнат со „рударење“, во замена за продукти, услуги или други валути.

Комерцијалната употреба на биткоинот е сѐ уште мала во споредба со шпекулациите, кои се причина за флуктуациите во цената. Користењето на биткоинската мрежа за плаќање на производи и услуги е во пораст и постојано се зголемува. Една од причините се ниските трошоци во споредба провизиите кај традиционалните кредитни картички кои се движат помеѓу 2 и 3 проценти. Најголемата биткоинска трансакција била извршена на 20 март 2014 година, за купување на вила во Бали, во износ од 500.000 американски долари. Првиот Биткоински митап во Македонија се одржал во Скопје на 24 април 2014 година.

Карактеристики на биткоин

Основните карактеристики на биткоинот како систем на плаќања се:

  • транснационалност и виртуелност: системот не е во ничија сопственост, а дигиталната валута не е контролирана од ниту една централна банка.
  • отпорност на цензура (промени): сите трансакции во форма на блокови се запишуваат во децентрализирана база на податоци, која постои во идентични копии на илјадници локации во светот. Поради тоа, не е можно да се избришат или да се променат претходните трансакции, туку тие остануваат запишани засекогаш.
  • децентрализираност: фукнционирањето и веродостојноста на системот ги одржува мрежа од голем број независни јазли (nodes) кои ги потврдуваат произведените блокови на трансакции. Сите учесници во системот одржуваат идентична копија на базата на податоци која се ажурира на секои 10 минути.
  • непроменлива и однапред дефинирана политика на создавање на биткоини: бројот на биткоини кои ќе бидат прозиведени е однапред дефиниран, фиксен и конечен. Според протоколот, стапката на произведување нови биткоини се преполовува на секои 210.000 блокови (приближно, четири години), а конечниот износ на сите биткоини е одреден на 21 милион.
  • елиминација на доверлива трета страна како посредник во трансакциите: во извршувањето на трансакциите и во производството на биткоини нема посредник (банка, клириншка куќа или друга институција).
  • анонимност: сите трансакции се јавно достапни, но анонимни и нема можност за откривање на идентитетот на учесниците во трансакциите. Сепак, текот на биткоините може да се следи од една на друга адреса во системот.

Сепак, биткоинот се одликува и со некои слабости и ограничувања, како што се:

  • протоколот е бавен и овозможува обработка на најмногу седум трансакции во секунда
  • големината на блокот е ограничена на еден мегабајт, а бројот на трансакции по еден блок е ограничен на нивото од 1.000 до 2.000 на секои десет минути
  • големината на целата блоковска врска изнесува 180 гигабајти
  • обработката на трансакциите и во изнаоѓањето решение за секој блок од страна на илјадници „рудари“ предизвикува голема потрошувачка на електрична енергија

Трансакции

Кога некој биткоински корисник ќе изврши плаќање, финансиската трансакција се забележува во биткоинската мрежата. Биткоинската трансакција е дигитално потпишана порака преку која се пренесува сопственоста од една биткоинска адреса на друга. За трансакцијата да биде успешна, истата се запишува во јавен запис или податочна база на трансакции.

Зошто е биткоин штетен за планетата?

Како што веќе спомнавме, „рударењето“ биткоини бара голема потрошувачка на електрична енергија. Снабдувањето со биткоини троши повеќе електрична енергија годишно отколку цела Аргентина, покажа истражувањето на Универзитетот Кембриџ.

Судејќи според сегашната вредност, тоа нема да се промени за скоро и покрај очекуваниот раст на штетните емисии на гас. „Копањето“ криптовалути бара многу енергија, бидејќи вклучува опсежни компјутерски пресметки за да се потврдат трансакциите, според BBC. Истражувачите од Кембриџ откриле дека компјутерите кои бараат трансакции трошат околу 121,36 терават-часови (TWh) електрична енергија годишно, врз основа на проценка на просечната цена на електрична енергија од пет центи на киловат-час и енергетските потреби на мрежата на биткоин.

Тоа би значело дека компјутерите ангажирани во потрага по биткоини трошат повеќе од населението во Аргентина, чија потрошувачка е 121 терават-часови годишно. Тие исто така ја надминуваат потрошувачката на Холандија (108,8 терават-часови), Обединетите Арапски Емирати (113,2 терават-часови) и поблиску до Норвешка, која троши 122,2 гигават-часови годишно.

Енергијата што ја користат можат да ги напојуваат сите производители на чај во Велика Британија во следните 27 години, утврдија на Универзитетот Кембриџ.

Тие, исто така, цитираат споредба што предизвикува размислување - количината на електрична енергија што ја трошат секоја година инволвираните, а неактивните домашни апарати само во САД можат да ја напојуваат целата мрежа на биткоин за една година, пренесува SEEbiz.

Критичарот на биткоин, Дејвид Џерард, новинар и автор на книгата „Attack of the 50 Foot Blockchain“, исто така, се согласува дека потрошувачката на енергија за наоѓање биткоини, а со тоа и количината на емитиран јаглерод диоксид, дефинитивно ќе продолжи да расте.

„Решението не е поефикасен„ хардвер за ‘копање’, бидејќи само ќе се натпреварува со други ефикасни хардвери“, рече Џерард, кој има предлог. „Можеме да воведеме данок на јаглерод диоксид на криптовалутите за да создадеме барем одредена противтежа на огромното негативно трошење“, предлага тој.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе