Бизнис

Зошто богатите луѓе штедат пари во швајцарските банки?

19. септември 2019 - 9:09 | М.С.

Швајцарските банки важат за најсигурни банки во светот. Порталот Super Money дава пет причини зошто оваа земја е вистинскиот избор за вас доколку сакате да заштедите пари.

Кога читате за банкарски проневери или сериозни финансиски скандали, ретко ќе слушнете дека такво нешто се случило во швајцарските банки.

Постојат причини зошто огромна количина на пари редовно се слева на контата на швајцарските банки.

Швајцарските банки не го откриваат идентитетот на клиентот

Швајцарските банки се на врвот на листата на светските банки кога е во прашање заштита на идентитетот на клиентите. Поточно, банките во Швајцарија забрануваат идентификација на своите клиенти. Доколку вашето име го откријат на истражител од странска влада, без значајна правна причина, тогаш швајцарската влада може кривично да ги гони за тоа.

Сигурност на парите

Во случај на природни непогоди или катастрофални пожари, вашите пари ќе бидат вратени во целост. Сигурноста е гарантирана.

Швајцарија ја има најсигурната валута на светот

Швајцарските франци се едни од најсигурните валути во светот. Со оваа валута практично постои нулта инфлација.

Стабилна економија

Важно е да истакнеме дека целата економија е стабилна, не само валутата.

Швајцарските банки не се само за богатите

Многу луѓе мислат дека само најбогатите можат да имаат сметка во швајцарската банка. Меѓутоа, тоа е вообичаена заблуда. Доколку имате 18 години и важечки пасош, може да отворите сметка во швајцарска банка.

Но, треба да знаете дека швајцарските банки често наплаќаат повеќе провизија за одржување на сметката, заради поголема сигурност.

Треба да се запознаете со нивната политика пред да ја префрлите животната заштеда на некоја сметка.

Коментирај