Зошто британската кралица два пати го слави роденденот?

Кралицата Елизабета е родена на 21 април и веќе го прослави тоа со музички концерт, но таа роденденот официјално ќе го слави во јуни.

Кралицата Елизабета Втора во саботата, на 21 април, наполни 92 години, но повторно ќе го прослави роденденот во јуни.

Тоа е затоа што има два родендени – вистински и службен.

Службениот роденден обично го прославува во втората сабота од јуни.

Зошто кралицата не го слави само вистинскиот роденден?

Во Британија родендените на крал или кралица веќе повеќе од 250 години официјално не се слават на денот кога тие се навистина родени.

Традицијата на двојни родендени ја започна кралот Џорџ Втори во 1748 година. Тој е роден во ноември, кога времето во Велика Британија обично е лошо. Кралот сакал голема јавна прослава, но за такво нешто ноември не доаѓал во предвид.

Токму поради тоа, тој одлучил роденденот да го спои со големата воена парада која се одржува доцна на пролет, кога е убаво времето.

На тој начин е започната традиција за прослава на службени пролетни родендени на британските монарси.

Како кралицата го слави роденденот?

Кралицата обично го слави роденденот во кругот на семејството, иако тој ден на пладне во Лондон нејзиниот роденден се одбележува со свечено пукање на топови.

Топовите се поставуваат во Хајд Парк, кој се наоѓа околу дворецот Виндзор.

Службениот роденден, кој оваа година се паѓа на 9 јуни, се прославува јавно, со голема воена парада во Лондон. Оваа традиција се одржува веќе полни 260 години.

Во спектакуларната парада учествуваат повеќе од 1.400 војници, 200 коњи и 400 воени музичари.

Како и секоја година, парадата ќе започне од Бакингемската палата, а потоа ќе помине покрај седиштето на британската влада, па до премиерската резиденција и назад.

Народот собран пред Бакингемската палата и долж улицата, мава со знаменца и се обидува да ја види кралската кочија. Кралското семејство на крај излегува на балконот на палатата и го поздравува народот.

Полетувањето на авионите на Кралското воено воздухопловство го означува врвот на оваа церемонија.

Оваа година на балконот за прв пат во својство на брачен пар ќе се појават принцот Хари и Меган Маркл.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе