Зошто да избегнувате на детето да му дозволувате да јаде пред ТВ?

Деца што гледаат телевизија додека ги јадат своите оброци е вообичаена глетка во многу домови, а можеби сте забележале и родители како ги ранат децата додека тие си играат со мобилен или таблет. Многу родители го користат овој начин за децата да им бидат мирни додека јадат.

Овој начин на ранење на децата се нарекува и метод на одвлекување на вниманието. Користењето на разни модерни уреди за детето да јаде - не се препорачува. Јадењето со одвлекување на вниманието го спречува детето да го слушне своето тело и да сфати дали сѐ уште е гладно или е сито.

„Како прво, едно истражување покажа дека ранењето деца е лоша идеја. Штом се во можност треба да ги охрабрувате сами да се послужат и да јадат. Кога ќе речат дека завршиле со јадење немојте да ги силите да продолжат да јадат. Дајте им разновидни нутритивни избори и помогнете им да развијат здрав однос со храната. Самите ќе научат кога се гладни“, вели експертката по родителство, Лора Маркхам.

„Како второ, никогаш не им дозволувајте време пред укран додека јадат, бидејќи децата ќе престанат да бидат свесни за храната што ја јадат и нема да обрнуваат внимание на физичките знаци кои им говорат дека се сити“, додаде.

Прекумерното седење пред екраните не само што му штети на физичкиот, конгнитивниот и социјалниот развој на детето, туку може да му стане навика на детето при оброците и така да ја зголеми изложеноста пред екраните, што пак влијае и на односот кон храната кај децата.

Исто така е веројатно дека времето поминато покрај екран за време на оброкот доведува до тоа подоцна детето да има зголемен нагон за грицкање нешто нездраво. Тоа е затоа што одвлекувањето на вниманието со екранот ги прави децата несвесни за храната што ја јадат. Подоцна, кога детето нема да може да се сети што и колку изело, станува склоно кон грицкање. Обрнувањето внимание за време на јадењето ќе спречи посегнување подоцна по грицки и може да помогне да се контролира апетитот.

Тагови
реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе