Здравје

Зошто да јадеме мусли за појадок?

12. април 2018 - 16:47 |

Како што знаеме појадокот е најзначајниот оброк во денот. Кога внесуваме храна наутро добиваме повеќе бенефити: подобрена концентрација, енергија, подобрена когнитивна функција како и намален ризик од срцеви болести.  Но она што е многу важно е каква храна внесуваме наутро како би се постигнал баланс и правилно ослободување на енергијата добиена од оброците. Одговорот е мусли!

Што претставуваат муслите?

Муслите се балансирана мешавина од целозрнести житни снегулки, сирови јатки, сирови семиња и овошки, и во исто време оброк  исполнет со растителни влакна, протеини и сложени јаглехидрати. Всушност токму она што ни е потребно за почеток на денот, производ кој за момент се претвора во вкусен појадок потопен со млеко или јогурт.

Зашеќерените пекарски производи од локална пекара и брзата храна знаат да нѐ доведат до искушение во моментите на глад, а при тоа да добиеме комбинација од прости шеќери, палмина маст и нискоквалитетни состојки. Муслите се вистинскиот избор и  одлична замена за овој појадок, даваат чувство на ситост и до 3-4 часа, а во исто време се и вкусен појадок кој нуди ниско ниво на калории и малку шеќери.

  • Муслите изобилуваат со растителни влакна и целозрнести житарици

Иако во сите комбинации на мусли, количината на растителни влакна не е еднаква, полна чинија мусли е асоцијација за здрав дигестивен систем. Растителните влакна и целозрнестите житарки се грижат за благосостојба и пријатно чувство на стомакот.

  • Протеините даваат ситост

Храната богата со протеини дава чувство на ситост подолго време. Функцијата на протеините е таква што тие патуваат побавно низ дигестивниот тракт, а со тоа добиваме подолго време чувство на ситост. Количината на протеини варира кај секоја комбинација од мусли, но многу е важно да се знае дека извори на протеин во муслите представуваат јатките, семињата и целозрнестите житарки. 

  • Богат внес на нутритиенти

Со самото тоа што муслите се потопуваат во млеко или јогурт и не подлегнуваат на термичка преработка, внесуваме оброк кој во себе ги содржи сите нутритиенти во природен баланс потребен за правилна функција од самото утро. Секогаш треба да се знае дека печената и термички преработена храна губи голем број од своите нутритиенти.

  • Јадејќи мусли за појадок, обезбедуваме храна и енергија за успешен ден и одбегнуваме внес на нездрави производи

Комбинацијата од овошки, јатки, семиња и целозрнести житарки во новите мусли на Виталиа со сигурност ќе ве спречи да посегнете кон храна која дебелее и наштетува на здравјето. Со муслите на Виталиа, Вие правите одличен избор за појадок од кој ќе добиете здравствени бенефити за целиот ден.

Коментирај